С Македонија е земја која е пример за градење пријателство, Македонците се пријателски народ. Немаме претензии кон некого и не се закануваме никому. Со Бугарија постигнавме Договор за пријателство, стремејќи се да станеме браќа. Но Бугарија наеднаш реши да ни стане татко. Тоа не функционира така, секоја земја си има своја национална посебност, изјави вечерва премиерот Зоран Заев, во интервју за Канал 5, зборувајќи за релациите со Софија.
„Постигнавме договор со Бугарија, утврдивме дека во еден дел имаме заедничка историја. Но, со текот на времето се граделе два посебни двата народи, со свои стандардни литературни јазици и со свои идентитетски обележја. Недозволиво е да му се наметнува историја на еден народ“, рече Заев.
Тој повтори дека смета оти главна причина за блокадата за почеток на преговорите на ЕУ со С Македонија се изборите што претстојат во Бугарија.
„Мислам дека главна причина се изборите. Ние политичарите, тука не мислам само на Бугарија, туку каде било, знаеме да бидеме нерационални пред избори и да носиме чудни одлуки“, рече Заев.
Сепак, тој оцени дека е возможно да се постигне договор. рече дека и самата историска Комисија е блиску до усогласување, ама, како што рече, проблем е мо0менталниот амбиент.
„Европа е должна да го заштити нашиот национален идентитет и ЕУ тоа го прави. Ми дозволија да се обратам на македонски јазик пред Европскиот парламент, а европарламентарците аплаудираа потоа. Но Бугарија сега сака да стои македонски јазик според Уставот“, вели Заев.
Очекувам, и правиме се, рече премиерот, да се забрзаат преговорите со Бугарија и што поскоро да почнеме да ги отвараме поглавјата одпреговорите со ЕУ.