Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Решивме прашања за кои никој 30 години не собра храброст да ги реши

0
By Нова ТВ on May 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата, Зоран Заев го отвори 26. конгрес на СДСМ и се осврна на успесите на партијата во изминатиот период.

– Во изминатите речиси четири години, СДСМ носи државнички успеси. Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат. Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ. На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, бевме соочени со деструктивна опозиција, со истата режимска матрица која прави сѐ за да ги спречува реформите, да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење. На надворешен план, мораше да се решаваат прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години. Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес тие се едни од нашите најсилни поддржувачи и сојузници, истакна Заев.

Наместо на барок, споменици и криминални тендери, парите ги насочивме кон граѓаните

„Со доаѓањето на власт и реализирањето на проектот „Парите назад кај граѓаните“, започна ново, светло поглавје во македонската историја. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните “ истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во воведното обраќање на 26. конгрес на партијата.

„Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега“ потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека помеѓу првите проекти биле и укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината дневна тарифа на срујата, како и повратот на ДДВ за физичките лица.

„Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега. Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош“ кажа Заев.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.