Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави офанзива и засилена борба против криминалот и корупцијата

0
By Нова ТВ on March 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воспоставивме нов стандард на политичката сцена, како што личи за државотворна партија, изјави старо-новиот лидер на СДСМ Зоран Заев, кој по денешните внатрепартиски избори им се заблагодари на членовите за масовниот одзив и за поддршката да ја води партијата во трет мандат.

-Државотворни партии имаат одговорност да ја унапредуваат демократија во своите редови и во татковината. Ми укажавте чест да бидам по трет пат прв меѓу еднаквите. Чувствувам одговорност да ја оправдам довербата и ќе сторам се достојно да го предводам СДСМ, да биде локомотивата што ќе го движи општеството напред. Денес испишавме историја – рече Заев.

Тој јавно се обврза дека ќе спроведе нова политика, најавувајќи, како што рече, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ.

-Најавувам реформа на кадровската понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија, ќе ги отвориме вратите за сите блиски до социјалдемократските идеи. Ќе ја продлабочиме борбата против криминалот и корупцијата – рече Заев.

Заев: СДСМ ќе има најмногу тројца потпретседатели, но рано е да се каже кои ќе бидат

Многу е рано да се каже кој ќе биде во раководството на СДСМ, допрва почнуваат постапките за предлагање на кандидати од месните и општинските одбори, рече старо-новиот партиски лидер Зоран Заев откако доби трет мандат на денешните први директни внатрепартиски избори.

-Ова е внатрепартиска постапка и подобрување. Кадровските промени се од аспект на воспоставување на највисоките органи. Членовите на СДСМ преку 700 делегати на Конгрес го бираат Централниот одбор, од каде 20 членови се бираат за членови на Извршен одбор, а од страна на ИО се избира генерален секретар, секретари за организација и за меѓународна соработка, како и потпретседатели. Нема да имаме повеќе од тројца потпретседатели, но рано е да се каже кој ќе ги земе овие места – рече Заев.

Тој додаде дека кадровските промени што ги најавува во СДСМ не се поврзани со Владата, од чиј перформанс, како што истакна Заев, е задоволен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.