Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук се прости со актерот Луран Ахмети кој на само 46 години ја загуби битката со коронавирусот.
Длабоко потресна е веста за смртта на еден од најталентираните актери на Албанскиот театар Луран Ахмети. Луран замина, но зад себе остави длабоки траги на театарската сцена и ликови за паметење во повеќе странски филмски и телевизиски проекти. Упатувам најискрено сочувство до семејството во овие моменти на длабока тага, напиша Заев на Фејсбук.