Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штетата предизвикана од прославата во МНТ е 3.965 евра

0
By Нова ТВ on November 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека проценетата штетат од минатонеделната прослава на навивачката група „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра.

Одговарајќи на пратеничко прашање, тој рече дека веќе е направен записник од работна група за утврдување на одоворноста, но не успеал да го види и само ги кажа штетите што се веќе утврдени.

-Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари.  Вкупната штета  е 39.65 евра, рече Заев.

Тој истакна дека кога ќе се утврди одговорноста, тогаш оваа материјална штета ќе се надомести, но Заев рече дека поголема е онаа духовната што е нанесена.

-Националниот театар е отворен за сите и сите треба да го користас, но се знае под какви услови. Од тоа треба да произлезе и одворноста што ќе биде објавено кога ќе се утврди, рече Заев.

Тој објасни дека во МНТ во петокот минатата недела се одржале два настани, при што за едниот настан на кој тој присуствувал, за едно со министри и други јавни личности, Владата со МНТ потпишала Договор за одбележување на Денот на албанската азбука.

-Вашиот денешен одговор значи дека членовите на вашата влада Османи и министерото за образование не се во право кога рекоа дека имало само гласно славење. Туку има и материјална штета, рече пратеничката Магдалена Манаскова која го постави прашањето.

Таа го побара на увид договорот што бил склучен за вториот настан, кога и настанала штетата. Рече дека ова е важно за да се види кој би ја надоместил штетата.

-Ако е  Владата, имаме проблем. Ако е посебен договор, го барам на увид. Според таков договор со поединец за закуп на кој било објект, во договорот стои дека тој што го изнајмува ќе ја плати евентуалната штета. Доколку има само еден договор само со Владата, а нема друг, за два одвоени настани ќе имаме проблем, рече Манаскова.

Ахмети: Нема ништо спорно за прослави на навивачи во театар, во петокот немало намера за штета

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска при положување на цвеќе пред споменикот на Скендербег по повод Денот на албанското знаме рече дека нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ прославувала јубилеј 30 години постоење во Македонскиот национален театар.

Што се однесува до материјалната штета на театарот, Ахмети рече дека тоа же го процени Министерството за култура, но дека немало намера за вандализам.

Навивачката група „Шверцери“ во петокот по Свечената Академија за одбележување на 111 години од Денот на албанската азбука одбележа 30 години од постоењето. Во нивна чест имаше проекција на документарен филм, но како што за НОВА изјави тогаш директорката на МНТ Симона Угриновска, однесувањето не минало без последици по инвентарот во објектот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.