Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со 46, а Мицкоски со 44 пратеници во трка за формирање парламентарно мнозинство

0
By Нова ТВ on July 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ со освоени 46 мандати има најголем коалиционен капацитет, додека од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 44 мандати веруваат дека имаат најголем кредибилитет да се борат за состав на нова Влада, по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули годинава.

Во новиот собраниски состав СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат помалку пратеници од досега, додека ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ја зголемат својата застапеност, а Левица со двајца пратеници влегува за првпат во Парламентот.

Според неофицијалните конечни резултати од Државната изборна комисија (ДИК), Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ е победник во голем број општини и има најголем коалиционен капацитет, со што извесно е дека лидерот Зоран Заев ќе биде новиот мандатар и прв ќе има шанса да состави владино мнозинство, информираат од аналитичкиот центар на СДСМ.

За тоа дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство и за Влада, Оливер Спасовски вчера изјави дека е прашање на политички проценки и договарања, упатувајќи на одговор во партијата.

– Јас само можам да кажам дека се што е потребно да се направи за доброто на државата и на граѓаните, да се направи во следниот период. Да покажаме уште поголема одговорност и дека интересот на граѓаните и на државата е на прв план, истакна премиерот Спасовски на прес-конференцијата во Владата на која даде оценка за вчера одржаните предвремени парламентарни избори и изнесе очекувања дека наскоро ќе се формираат новото собрание и влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на првата прес-конференција по завчерашните предвремени избори истакна дека опозициската партија го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада, според кого ВМРО-ДПМНЕ, има повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција.

– Важно е што во Македонија расположението е опозициско, а  резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта, а ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија победија во 41 општина, потенцираше Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување.

-Подготвен сум да преговарам бидејќи кредибилитетот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е најголем, но она што не сум подготвен да преговарам е условот. Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на ДУИ за премиер Албанец.

Тој не сакаше да каже дали веќе контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок, додека во врска со предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за меѓусебна поддршка со пратеници за евентуално формирање влада, потенцираше дека нема намера тоа да го направи.

Лидерот на Левица, која со освоени двајца пратеници за првпат влегува во Парламентот, рече дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но и дека очекува да има нови предвремени парламенарни избори.

– Веруваме дека ќе има наредни предвремени парламентарни избори, бидејќи е ова Пирова победа. Кој и да состави влада нема да може да ја одржи до крај. На наредните избори Левица ќе влезе со двоцифрен број пратеници, рече лидерот на оваа партија.

На новинарско прашање одговори дека засега немаат контакти со ниту една партија и веројатно преговори ќе има откако ќе биде даден мандатот за формирање влада, но, рече, „начелно со СДС и Заев нема што да разговараме“.

Генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, изрази уверува дека несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години.

– Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници, рече Хоџа.

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

– Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки, вели Хоџа.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, преку Фејсбук објави некои изборни математики, алудирајќи дека ДУИ со 15 пратеници е сигурен победник кај албанските гласачи.

Османи, во математиката на својот фејсбук профил, ги изедначува на 46 гласа СДСМ – БЕСА 46 (42+4) и ВМРО-ДПМНЕ – Левица 46 (44+2), додека коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја дели на Алијанса – 8, а Алтернатива – 4 пратеници.

Дваесет дена по одржаните избори, по што претседателот на државата во рок од десет дена треба да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.