Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со намалување на бројот на институции ќе ја зголемиме ефикасноста на јавната администрација

0
By Нова ТВ on December 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за реформа на јавната администрација, со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница на која беа презентирани клучните постигнувања на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација”, финансиран од страна на Европската Унија.

Премиерот Заев, како што денеска соопшти владината прес-служба, истакнал дека реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација.

– Оваа операција е нешто што историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на нивниот бројот на институции  ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и ефикасноста на јавната администрација, нагласил премиерот Заев.

Целта на проектот е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и да ги унапреди етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.

Клучните постигнувања во рамки на проектот, како и следните чекори за кои е неопходна институционална поддршка, но и поширок општествен консензус, ги презентирале Слаѓана Тасева, тим лидерот на проектот, Александар Антоновс, клучен експерт и проф. д-р. Искра Аќимовска Малетиќ, сениор експерт.

Експертите истакнале дека глобална цел е институционална реорганизација и оптимизација усогласена со заложбите во рамки на буџетските реформи и намалување на бројот на буџетски корисници. Тие ја презентирале потребата од измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и првичните согледувања за идната државна организација, базирани на досега остварената соработка со институциите.

Премиерот Заев ги задолжил министерствата да ја унапредат внатрешната комуникација со органите во состав, а посебно со агенциите и инспекторатите од областите во нивна надлежност. Тие треба да ја продолжат и воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација”.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат ја потенцирал важноста од посветеноста не само на Владата, туку и на Собранието во овој значаен процес од реформата на јавната администрација.

Министрите едногласно се согласиле дека е неопходна нивна активна вклученост.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, го презентирал нацртот на Вториот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 со Акциски план за 2019 година.

Од владината прес-служба информираат дека извештајот е усвоен и ќе биде објавен на веб страницата на МИОА.

Поради важноста на процесот, одлучено е до крајот на следната недела да се одржи продолжение на седницата, на која ќе се донесат заклучоци за следните чекори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.