Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со влез во НАТО, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот

0
By Нова ТВ on February 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор Заев на својот фејсбук профил напиша дека со влез во НАТО, Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина.

„На денешен ден 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020, му припадна честа, во името на сите нивни претходници во пратеничките клупи, во името на сите граѓани, да го ратификуваат Договорот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. На јарболот пред Парламентот беше кренато знамето на НАТО на 30-тата земја-членка на НАТО.

Како дел од моќното НАТО семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. Сите ние, заедно, со поглед напред ја обезбедивме македонската иднина.

Демократското мнозинство постигна пресврт. За неполни две години после 27 април 2017 година, кога во истото Собрание застапниците на мракот и на политичкото насилие, оние кои сакаа моќ за своја лична корист, со насилство се обидоа да ги запрат демократските и прогресивните политички сили, поддржани од огромното мнозинство граѓани.

Со поразот на тие политички структури, креатори на „заробената“ држава, излеговме од длабоката политичка криза и државата ја вративме на патот по кој чекорат сите развиени демократски држави. Со тоа се афирмираше мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, за граѓанска, демократска република, земја на можности за сите свои граѓани.“ напиша Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.