Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Учество на пописот е патриотски чин, со бојкот се прави директен атак на татковината

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот рече, е патриотски чин, а повикот или тивкото работење за бојкот е удар врз државата, па дури и врз својата етничка заедница.

-Ако некој гарантира дека за една или две години ќе имаме добри услови, или пак есенва дека ќе има добри услови немаме никаква причина и право да водиме инает за вака важно прашање. Но тоа не се знае. Десет години работиме во магла и облаци, бидејќи немаме податоци. Паралелите со другите земји кои ги одложиле пописите не е едноставно да се прават бидејќи имаат тие направено попис пред 10 години, а ние немаме. Овие податоци се потребни за креирање на сите политики во дражавата во интерес на граѓаните, рече Заев.

Тој не смета дека пописот може да придонесе во ширење на пандемијата, бидејќи, како што рече, само 10 минути трае попишувањето, а податоците што се добиваат се непроценливи.

Бојкотот рече, не е опција и додаде дека одговорност пописот да се одржи е на сите.

-Учеството во него е патриотски чин. Леснотијата да се пропагира и да се бојкотира пописот не е ни малку патриотски чин. Пописот е неопходен и е вистински патриотски чин. Од што се плашиме, што е вистината која ќе ја добиеме сите, кои сме колку члени смемејства имаме, какви сме по етничка определба, каде живееме, колку во главниот град, колку во внатрешноста од тоа ли се плашиме, рече Заев.

Според него, пораката за учество на пописот треба да ја испратат сите домашни политичари, вклучително и политичарите од домашната опозциција.

-Најлесно е да избегате од причина пандемија е несоодветно време е или слично. Кога ќе е соодветно? Дваесет години не било соодветно време. Имаме триестгодишна државност, а не занеме да кажеме колку живееме, каде живееме, колку во село, колку во град, колку сме по културолошка, верска и етничка определба. Неопходна е поддршка особено од политичарите кои се чукаат во градите да излезат и да кажат зошто е важно да се попишеме сите, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

Според премиерот, оној кој апелира да се седи дома, да се бојкотира, или кој потајно работи за седење дома прави директен атак на својата татковина и врз својот народ, но и ако сакате, како што рече, и врз својата етничка заедница.

Апасиев рече дека не е задоволен од одговорот на премиерот на прашањето дали власта планира да го одложи пописот. Според него, не е нормално тој да се прави во услови на пандемија, и во услови кога во државата нема вакцини, а има голема смртност.

Овој попис, рече Апасиев, го терате затоа што имате договорени проценти, кој колку треба да биде. Спорно е што имате врзани потписи на директорот и заменикот на ДЗС, што методологијата не ја ставивте во закон, што се попишува дијаспора што не е меѓународен стандард, што податоци дури и за етничка припадност може да даде секој ако има матичен број од лицето.

Пописот во земјава треба да се одржи од 1 до 21 април. Во тек е попишување на дијаспората кое, исто така, ќе заврши на 21 април.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.