Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во Љубојно: Ќе продолжиме да ја покажуваме грижата за македонскиот идентитет со дела

0
By Нова ТВ on December 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј.

– Денес се наоѓаме пред објектот на старото училиште во с. Љубојно, кое претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа. Неговото значење не произлегува во толкава мера од неговите уметничко-стилски и архитектонски карактеристики туку многу повеќе од неговите културни и општествени вредности. Имено тоа претставува лулката, односно второто училиште во Македонија, во кое по завршувањето на Втората светска војна, започна да се одржува настава на македонски јазик. Ова е показател на самосвеста на локалното население за неговата самобитност и посебност, и за неговите напори за втемелување на основните човекови определби, рекол Заев, соопштија денеска од владината прес-служба.

Директорката Стојанова навела дека долг период ова училиште беше потполно заборавено и напуштено, што може да се забележи од неговиот денешен изглед.

– Но, по прогласувањето на село Љубојно за заштитена споменичка целина и превземените иницијативи од страна на Владата, за обнова на старото училиште, сѐ поизвесна станува реализацијата на сонот на генерации и генерации ученици, кои ги поминале своите училишни денови во овој објект и кои сонуваа, и сѐ уште сонуваат, повторно да го видат во сиот негов сјај, истакнала директорката Стојанова.


Оваа иницијатива, истакнал Заев, се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76 годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година.

– Со Договорот од Преспа ги премостивме речиси три-децениските разлики со Грција и ги обезбедивме нашите перспективи во евроатлантските и европските интеграции. Уште две главни придобивки произлегоа од овој историски договор. Се заштити нашиот идентитет во рамките на меѓународното право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, а со тоа се потврдија и нашата култура и културно наследство, рекол премиерот Заев.

Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, за кој Владата обезбеди првични 30 милиони денари, оценил премиерот, треба да се гледа и во контекст на иницијативата за основање на Преспа Форум за Дијалог за кој исто така од Буџетот на државата се издвоени 100 милиони денари.

Како дел од овој проект е предвидена изградба на мултимедијален центар за младите, кој соодветно на самата симболика на Преспа ќе биде место каде што би се организирал меѓународен форум за дијалог и соработка.

– Преспа Форум за дијалог ќе претставува идентитет и бренд, кој ќе биде врзан за нашата држава. Со овој, како и со сите останати проекти кои ќе бидат инспирирани од широките можности за регионална соработка правиме сериозен исчекор за нов лик на регионот како место за инспиративна соработка и поврзување на народите и културите од регионот, изјави премиерот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.