Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во март започнува масовното вакцинирање, ќе бидам еден од првите што ќе се вакцинира

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Март месец ќе биде месецот на вакцинирање. Се надевам дека можеме тоа и порано да го постигнеме“, изјави премиерот Зоран Заев за емисијата „Само интервју“.

„Тоа кој кога почнал со вакцинирање, дали има 1000 или 5000 вакцини по земја, е навистина покажување на мускули или примат кој е прв. Јас не сум човек кој што гледа на работите по пат на натпревар од таков карактер. Ние сме вградени во сите системи и сме ги уплатиле авансите за вакцините“, појасни Заев на прашањето зошто дел од земјите во регионот веќе започнаа со вакцинација.

„Здравствените работници и хронично болните први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот. Кога ќе пристигнат вакцините тие ќе бидат распоредени по протоколот. Сепак, јас би бил еден од првите, за да ги охрабрам и другите да се вакцинираат“, изјави премиерот Зоран Заев за емисијата „Само интервју“.

Тој додаде дека Владата е подготвена да разработи јавна кампања.

„Веќе отворивме дискусија со медиумите и работниците за таа мерка да допре до сите. Одговорноста за примање на вакцината е одговорност за јавното здравје.

Запрашан зошто ги прифатил вакцините од Бугарија, Заев рече дека доколку тоа би било одбиено ќе било толкувано како непријателски гест од македонска страна.

„Ако имаме намера да продолжиме пријателски да се однесуваме со тој наш сосед, така треба и да се однесуваме. Подадената рака е подадена. Јас го поздравив тој чекор на премиерот Бојко Борисов“, нагласи Заев.

Дополни дека и нам ни следувале вакцини директно од Фајзер, но само 1 300, кои воопшто не би ја смениле ситуацијата, туку повеќе би направиле проблем.

„Ние сме направиле директни контакти со сите производители и затоа кога се барало одлуки дали да земеме, еве не знам ако Србија зела 5.000 ние имаме 1300, толку ни следува по број на жители затоа што тие три пати се повеќе од нас, а со 1300 вакцини треба да ги земем или не треба да ги земеме? Не треба, заради тоа што кога ќе ги земеме го отвораме прашањето на кого ќе следат. Јасно се дефинирани протоколите од наша здравствена комисија, се знае лекарите и здравствениот персонал, после се хронично болните, после доаѓаат возрасните луѓе..потоа треба да добија семејства кои што изгубиле човек, зошто заради тоа што сите се плашиме да не изгубиме човек, тоа се сите наши граѓани“, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.