НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Вратите на Собранието ги отворија пратеници од ВМРО ДПМНЕ

0
By Влатко Чаловски on May 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој утрово даваше исказ во ОЈО за случувањата на 27.април, вели шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ помогнале при отворањето на вратите од Собранието и доколку не се случело тоа можело да се избегне насилството.

– Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ учествувале директно во организирањето на отворањето на вратите, двајца ги дигнале металните профили и останатиот дел од шестмина дадоа директни патокази како да се оди до прес салата кадешто беа мнозинството од пратениците од парламентарното мнозинство. Верувам дека тоа во постапката ќе биде утврдено, постојат докази, јас го зборувам ова на основа на докази, јасно видливи и воочливи и не знам едноставно како ќе можат и тие мои колеги пратеници да не видат нас во очи, и како ние ќе ги видиме, изјави Заев.

Тој објасни дека Собранието има 5 влеза, а биле тргнати единствено челичните шипки или профили од главниот влез или главните влезни врати на Собранието.

-Стопроцентно беа тргнати за жал од мои колеги пратеници и знам дека немаше да се случи ни „н“ од насилство ако моите колеги пратеници не го направеа тоа, односно не ги на добро осмислен начин, преку телефонски разговори, договарајќи го со некого тоа, целосно шестмина, коишто јас имав прилика да ги видам, учествуваа во тргнувањето на челичните профили па дури и нивно буткање со нога, за да масата не се сопне кога ќе влезе, на едната врата, па на другата врата, па покажувајќи многу прецизно кој е најблискиот пат да се стигне до прес салата, тоа е покрај пленумот, овде во холот кадешто одмараат пратениците во кратките паузи, директно до скалите коишто водат до холот на прес салата, вели Заев.

Тој раскажал пред обвинителите на се што се сеќава од тепањето на пратениците.

На новинарско прашање дали очекува Обвинителството да покрене обвинение или постапка за посериозно кривично дело како што е обид за убиство, Заев рече дека остава професионалците да го утврдат тоа, а тој само го кажувам неговиот впечаток со сите детали- од организација, осмислување, оркестрирано и диригирано.

-Мавањето со сталаците на вашите камери, мавањето со сите овие железни предмети коишто беа од столиците, од масите, дрвените предмети, фрлањето на гајтаните од самите камери коишто беа таму пристуни во салата со цел да бидеме фатени за врат, за екстремитети веројатно, извлечени или удавени или слично сето тоа го кажуваме со зборови, стручните луѓе и обвинителството се тие коишто треба да му дадат квалификација на делото, рече Заев.

Заев воедно информираше дека во моментов подготвува писмо до претседателот Иванов како гаранција за унитарноста и државниот суверенитет, кое рече ќе го објави јавно и очекува до средината на следната недела да му биде доделен мандатот за формирање нова Влада.

На прашањето дали лично би му простил на нарачателот на насилствата, Заев рече дека веќе на 28. април повикал на помирување и простување, но пред законот треба да одговараат сите одговорни.

-Тоа не е ни моја обврска. Законот мора да важи подеднакво за сите, но јас уште наредниот ден, простив. И ја испратив пораката на простување, заради тоа што сум одлучил да се занимавам со политика и да работам во интересот на граѓаните на Република Македонија, ако не простите, тогаш нема иднина, јас сакам да имам успешен период предводејќи ја новата Влада на Република Македонија, а заради тоа ни треба кооперативна, конструктивна и критична опозиција, силна опозиција, ако не простите, тогаш не можете да го очекувате тоа. Истовремено како што никој не треба да одговара ако нема докази за некое сторено дело, навистина треба да престане времето кога невини луѓе лежеа по затвори, изјави Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.