Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“ вели дека опозицијата ќе објави снимки во кои ќе се чуе предавство на власта во врска со спорот за името и телефонски разговори за случајот „Монструм“, петкратното убиство кај Смилковското езеро.
– Ветивме дека ќе објавиме сѐ што поседуваме. Имаме снимки за името, за да се види предавството од страна на власта. Ќе покажеме материјали и за „Монструм“, кој е исклучително страшен случај во кој беа убиени четири деца и еден возрасен човек крај Смилковското Езеро во Скопје. Убиените се Македонци, а осудените се Албанци. Целата вистина и сè што поседуваме за овој процес ќе објавиме – без разлика дали тоа ќе одговори на очекувањата на дел од граѓаните, изјавил Заев за бугарски „Фокус“.