Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата

0
By Нова ТВ on December 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев при денешната работната посета на Кочани извршија обиколка и увид на планот за изградба на типски куќи во ромската населба во градот каде 24 семејства, со околу 120 лица, кои живеат во несоодветни услови ќе добијат пристоен дом.

Во продолжение изјавата на премиерот Заев ви ја пренесуваме во целост:

„Посетата на Општина Кочани е добар повод да објавиме вест дека наскоро ќе започне изградбата на типски живеалишта со соодветни услови за живеење за 24 семејства, со околу 120 лица, кои подолго време живеат во супстандардни и импровизирани живеалишта во ромската населба Кочани.

За оваа цел, се предвидени средства од Стратегијата за Ромите во областа на домување во висина од 25 милиони денари. Од нив 16 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски во рамките на Стратегијата на Ромите и дополнителни 9 милиони денари од буџетот на Општина Кочани.

Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата и на локалната самоуправа во секоја општина. Да направиме сѐ што треба нашите сограѓани од секоја заедница, од секоја социјална група да се чувствуваат сигурно.

Овој добар пример на градење и поврзување на централната и локалната власт ќе го спроведеме и во останатите општини каде што населението има потреба и каде што има услови за спроведување на вакви проекти. На тој начин нашите заложби ќе создадат добар пример за идните генерации, затоа што нашиот потенцијал доаѓа од нашите граѓани.

Наша примарна цел е да подадеме рака секому и да обезбедиме услови за афирмација и шанси за успех подеднакво за сите.

Во оваа фаза градиме домови за престој за најпогодените како основа за поширока социјална интеграција и самостојно домување.

Во таа насока, и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години, биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020 година, или за три години се изградени и се во тек на изградба 897 станови од кои 10% како позитивна квота во критериумите ќе бидат наменети и за ромската заедница.

Со овие капитални проекти го враќаме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на наши сограѓани во социјален ризик од зоната на сиромаштијата со решавање на станбеното прашање на многу семејства.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.