Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи и го намалува животниот век за една година во регионот на Западен Балкан

0
By НОВА ТВ Balaban on January 26, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат покус животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, предупреди Европскиот фонд за Балканот, при имплементацијата на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

Целта на оваа етапа од кампањата, како што се наведува, е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи.

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни:

Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање.

Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти

Треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот.

Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје.

За да го продолжите животот, придружете се на борбата на граѓаните на Западен Балкан во солидарност и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со следните организации: Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, AirCare/МојВоздух од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград. Се одржува втора година по ред, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од загадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина.

„Обединет Балкан за чист воздух“ ја нагласува неопходноста од регионална соработка за трансформација на енергетската индустрија и системот за заштита на животната средина, со што би се подобрила и економијата и јавното здравје.

„Обединет Балкан за чист воздух“ воздух Загадениот кампањата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.