Загина 11-годишно дете од Србија во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случи на автопатот Неготино-Демир Капија.
Детето патувало во семејниот автомобил „Опел“ со српски регистараски таблички, кој го управувал неговиот 46 годишниот татко.
Освен детето и таткото С.Ш., во автомобилот патувале и мајката О.Ш. и шестгодишната сестра на загинатото момче, кои по несреќата се пренесени во болница.
Полицијата од Неготино го потврди случајот, екипите вршат увид на местото на несреќата, според првичните информации најверојатно таткото кој управувал со возилото заспал поради замор.