Државјанин на Македонија З.К. загина при ремонт на брод на бродоградилиштето во Бјела, соопшти денес црногорската полиција.
Како што јавува Танјуг, полицијата не ги наведува причините за несреќата, туку само дека Македонец загинал на лице место.
По истрагата, како што соопшти Управата на полицијата на Црна Гора, ќе се знае причината за несреќата.