Деветнаесет луѓе загинаа при пад на балон недалеку од египетскиот град Луксор.Ројтерс јавува дека 19 туристи загинале при пад на туристички балон недалеку од Луксор.
Според сведоците пред да падне балонот имало експлозија и силен оган.
Портпаролот на компанијата во чија сопственост е балонот, изјави дека во него имало 20 туристи и еден пилот, 19 од нив загинале при падот на балонот од 300 метри височина.
Според првичните информации, за време на летот дошло до експлозија на плинот по што балонот се урнал на земјата.
Историскиот град Луксор се простира на брегот на реката Нил и е многу популарен меѓу туристите.