Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заглавени интеграции зад политички параван: Мицкоски без резултати, демек со европска реторика

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Површинскиот ангажман, без реална политичка волја за длабоки структурни промени, само го продлабочува чувството на стагнација, и ја поткопува довербата на граѓаните во европскиот пат.

Жанета Ќосе 

Денешната прес-конференција на министерот за европски прашања Орхан Муртезани беше исполнета со бројки, активности и иницијативи, суштинскиот одговор на клучното прашање – до каде е исполнувањето на Реформската агенда до 30 јуни 2025 – остана изоставен. Наместо конкретна проценка на реализацијата по области како владеење на правото, јавна администрација или борба против корупција, јавноста доби генерализирана слика без индикатори, рокови или проценти. Во период кога земјата формално треба да биде подготвена за отворање на првиот кластер, фокусот останува на маркетингот, наместо на транспарентна и резултатска евалуација на реформите – што е клучно за довербата на граѓаните и на Брисел.

И покрај амбициозната реторика и најавите за „нов импулс“ во евроинтеграциите, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија останува во суштина заглавен. Наместо суштински напредок во исполнувањето на клучните реформски критериуми, јавноста сведочи на доминантно декларативен и PR-пристап, без јасни извештаи за напредок, индикатори на спроведени реформи или реален политички капитал вложен во отворање на кластерите.

Владата се обидува да прикаже административна активност и техничка подготвеност, со повлечени средства, институционални реорганизации и работни групи, јасно е дека таа упорно избегнува да се соочи со суштината: недостаток на конкретни реформи во владеењето на правото, непостојна борба со корупцијата и сè уште силно политизирана администрација. Површинскиот ангажман, без реална политичка волја за длабоки структурни промени, само го продлабочува чувството на стагнација, и ја поткопува довербата на граѓаните во европскиот пат.

Овој заглавен статус го открива и недостигот од лидерство и искрен ангажман за решавање на спорните прашања и демонстрирање на зрелост што би го откочило процесот. Наместо тоа, се создава илузија на напредок, додека суштинските услови што Брисел ги бара – остануваат несополнети.

Од Фејсбук ѕидот на авторката 

ЕУ Жанета Ќосе муртезани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.