Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заговарачот за поделба на Македонија Рорабахер не е веќе конгресмен

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот републикански конгресмен Дејна Рорабахер, кој во македонската јавност стана познат по скандалозната изјава дека Македонија е нефукционална држава и треба да се подели, не беше реизбран за член на Претставничкиот дом на САД во неговиот изборен округ во Калифорнија.

Во округот Оринџ, каде Рорабахер беше избиран за член на Претставничкиот дом уште од 90-те години на минатиот век, на изборите во вторникот со тесна разлика победи неговиот демократски портивкандидат Харли Роуда.

Рејтингот на Рорабахер, познат како „омилениот конгресмен на Путин“ почна да паѓа откако тој лани гласаше за укинување на здравствено осигурување, усвоено од претходникот на претседателот Доналд Трамп, Барак Обама, познато како „Обамакер“

Рорабахер, кој е член на Претставничкиот дом е повеќе од 20 години, е познат како едниствениот член во Конгресот кој отворено ја критикува антируската политика на САД.

Во март 2014 година, тој и уште 18 други конгресмени гласаа против санкциите кон Русија поради руската анексија на Крим. Рорабакер во 2012 лобираше и против донесувањето на Законот „Магнитски“, законски проект кој ги санкционира руските олигарси и високи државни службеници за кршење на човековите права во Русија.

Неколку пати беше дел од групи на американски законодавци кои одеа во посета на Москва.

Поради неговите проруски ставови, Рорабахер, кој беше претседател на Поткомитетот на конгресниот Комитет за надворешни работи за Европа и Евроазија, лани беше сослушан и од специјалниот обвинител Роберт Мулер за наводната руска вмешаност во претседателските избори во 2016 година.

Во Македонија тој стана познат по изјава дадена лани за албанската телевизија „Визија Плус“ дека нашата земја е нефункционална држава и треба да се подели помеѓу Косово и Бугарија.

„Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да биде дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или на која било друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја сѐ уште држи“, изјави лани американскиот конгресмен.

На прашањето дали администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја поддржува идејата на Рорабахер, рекол дека има влијание врз американската надворешна политика и дека во иднина на седници на Комитетот за надворешни прашања ќе се разговара и за прашањето на промена на границите на Балканот.

По низата реакции од министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, како и од Европската Унија и од официјален Вашингтон, тој го измени својот исказ, велејќи дека Македонија треба да опстои, но да се подели на два дела по теркот на поранешна Чехословачка.

Дејна Рорабахер избори Когрес Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.