Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева: Мојот став за Скопје нема врска со изборите во Бугарија

0
By Нова ТВ on March 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за бугарскиот „24 Часа“ нагласува дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите.

-Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Северна Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија, смета Захариева.

Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.

-Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство…Се уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за увоз на бугарски книги, изјави бугарската министерка за надворешни работи.

Захариева вели дека добрите односи на премиерот Бојко Борисов со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган довеле до „нула притисок врз мигрантите на нашата граница“.

Во однос на Русија таа нагласува дека ниту една земја не може да толерира дипломати кои нелегално собираат класифицирани информации.

-Дипломатите не можат да бидат кривично одговорни, но според Виенската конвенција од нив треба да се побара веднаш да ја напуштат земјата…Ние веруваме дека ЕУ и Русија треба да разговараат за сите прашања директно и отворено, но нема да толерираме незаконски активности на дипломати од која било земја на нашата територија… Бугарија продолжува да работи на соработка со Русија во економијата, туризмот и трговијатa, додаде таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.