Роверот „Зајак од жад“ утрово успешно се одвои од леталото со кое е спуштен на површината на Месечината и официјално го започна тримесечно истражување на околината.
Снимките на истражувачот кој на површината на Месечината е спуштен во 4:35 по кинеско време, се испратени на Земјата, соопштува пекиншкиот центар за истражување на вселената.
Роверот е наречен „Зајак од жад“, име кое го доби по Интернет гласањето. Има шест тркала, тежок е 140 килограми и може да се качува низбрдо до 30 степени и да се движи 200 метри на час.
Оваа мисија е важна етапа во амбициозната вселенска програма на Кина, која планира до 2025 година да испрати човек на Месечината и да стане прва азиска земја која го сторила тоа.