На стариот аеродром „Ризине“ во Прага, доцна синоќа поради закана за поставена бомба принудно слета авион со 160 патници, кој летал од Шпанија до Варшава, објави МИА.
За време на принудното приземјување на Боингот 737-800, било забрането слетување на други авиони, односно тие биле пренасочувани.
Маж од полска националност, кој се заканувал со активирање на експлозивна направа бил онеспособен од полицијата по слетувањето.
– Најверојатно се работи за маж, со нарушено здравје, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец на прашањето дали се работи за терористички напад.