Роберто Беличанец, програмскиот директор на Центарот за развој на медиуми бил нападнат од 15-на активисти бидејќи тој фотографирал штаб на една политичка партија во скопски Аеродром додека агитирала, што е спротивно по закон додека трае молкот
Како што изјави Беличанец за НОВА, активистите барале од него да ги избрише фотографиите и му се заканувале дека ќе добие куршум во глава ако не постапи според нивните барања.
Откако тој одбил, била повикана полиција, која исто така побарала бришење на сликите, а кога тој ги информирал за заканите кои ги доби, му било речено дека ќе одговара кривично за лажни закани.
Беличанец во моментов ги информира сите надлежни домашни и меѓународни институции за овој инцидент.