Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заклучно со септември во 2019 година: ОТА посредувала во следење на 369 комуникации со судски налог

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 2, 2019 10:06

Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски во интервју за МИА вели дека е задоволен од начинот на кој функционира Оперативно-техничката агенција (ОТА), за која нагласува дека е основана со цел да оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации. Тој истакнува дека не постои можност повторно да ни се случат „бомби“ или „Големото уво“.

ОТА обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи, пришто потребно е да се нагласи дека ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, што значи дека ОТА не прислушува.

Техничката поврзаност се обезбедува исклучиво врз основа на судска наредба заради спроведување на следењето на комуникациите во согласност со Законот за следење на комуникациите, односно ОТА постапува само врз основа на добиена судска наредба“, појаснува Ангеловски.

„Сакам да истакнам дека ОТА подлежи на многу контроли во кои се вбројуваат: Собранието на Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Советот за граѓанска контрола, судовите и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, поради што можноста за противзаконско работење на ОТА е сведена на минимум“, вели директорот.

На прашањето во колку случаи во 2019 година ОТА технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите и дали дел биле по барање на СЈО, директорот вели:

„Во 2019 година заклучно со септември, ОТА технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите во вкупно 369 случаи“, истакна директорот на ОТА.

Имено, ОТА не прави никаква разлика од кого потекнува барањето за следење на комуникациите, важно е да постои соодветна судска наредба. Дали барањето потекнува од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност или кој било друг овластен орган, за ОТА не игра никаква улога, вели директорот Ангеловски.

Зоран Ангеловски Комуникации ОТА Следење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.