Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за абортус: Неправдата е исправена- одлуката се враќа кај жената

0
By Соња Трајковска on March 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минатата недела, без расправа, Собранието го изгласа новиот Закон за прекинување на бременоста, со кој на жената и се враќа правото да одлулува за прекин на бременоста и се става  крај на претходниот ригиден закон, што содржеше административни процедури-бариери и на жената и беше одземено правото сама да одлучува.

-Сметаме дека мајчинството е ексклузивно право на жената, во делот на раѓање, на времето на раѓање, на бројот на децата доколку таа сака заедно со брачниот партнер. Дека воопшто не е работа ниту на судии, ниту на попови, ниту на оџи, ниту на леакри, а најмалку на политичари, кога тоа ќе го оствари жената, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Што предвидува законот

Најважната промена во овој Закон е што одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција се враќа кај бремената жена, преку согласност свесно, без принуда од кого било и врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата.

Прекинување на бременоста како и досега ќе се врши во болничка здравствена установа која во својот состав има гинеколошко акушерско одделение.

Со овој закон првпат се воведува можност за прекинување на бременоста со медикаментозен метод до деветтaта гестациска недела во здравствена установа од примарна здравствена заштита.

Новиот закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена. Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.

„Прекинот на бременоста може да се изврши по барање и со писмена согласност од бремената жена и по истекот на дванаесеттата гестациска недела, во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје“, потенцираат во Министерството за здравство.

Прекинувањето на бременоста од дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела од бременоста по писмено барање од бремената жена односно од родителот, односно старателот ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност може да се изврши при што пред прекинување на бременоста докторот може да побара мислење од друг доктор специјалист од соодветна гранка на медицината.

По дваесет и втората гестациска недела за прекинување на бременоста одлучува првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста во здравствена установа составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство и еден социјален работник.

„Доколку жената не се согласува од одлуката на првостепената комисија има право на приговор до второстепената комисија составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по детска хирургија, психолог и еден член со најмалку пет години работно искуство во областа на родовата еднаквост“, објаснуваат од Министерството.

Ригидниот закон оди во историјата

Случајот со 19 годишната девојка од Струмица овој месец, укажа на последиците од претходниот закон од 2013 година кој беше остро критикуван од сите граѓански организации. Административните бариери (задолжително советување, три дена рок по советувањето), како и тоа одлуката за прекин на бременоста да не ја носи жената сама, туку лекарот или комисијата, надополнета со предрасудите и стереотипите придонесоа оваа млада девојка да го ризикува животот, а случајот да заврши со смрт на новороденчето.

Како што беше објавено од полицијата, 19 годишната девојка се породила дома, по што била пренесена во болница, а набрзо беше пронајдено и нејзиното штотуку родено бебе, мртво, фрлено во полски тоалет.

Ова е најновиот, но не и единствениот случај што е резултат на на нехуманиот третман при барање на абортус. Самохраната мајка Васка, непосредно по донесувањето на законот беше принудена да донесе на свет дете со аномалии, бидејќи не и било дозволено да абортира, била советувана да го роди бебето, а потоа да размисли дали ќе го даде на посвојување.

ПРОЦЕС: Жените жртви на Законот за абортус

Законот беше донесен во време на министерувањето на Никола Тодоров во 2013 година, и со него се предвидуваше гинекологот да одлучи дали треба да се прекине бременоста, а доколку е тоа по десеттата недела од бременоста жената да поднесе барање  до првостепена комисија и да чека одобрување.

Ваквите одредби од законот освен што предизвикаа осуда и протести од повеќе невладини организации, во септември 2013  беше поднесена и иницијатива пред Уставниот суд.

Една година подоцна, Уставниот суд  со мнозинство гласови одлучи дека законот не е противуставен, односно дека Законот не го спречува правото на жената да избере дали ќе го роди детето и не поведе постапка.

Спротивно на мнозинството уставни судии, единствено тогашната судијка Наташа Габер-Дамјановска законот го оцени како дискриминаторски за жената, а државата според неа премногу се меша во семејните односи.

-Задолжителната едукација, времето на чекање, а особено барањето дозвола за медицинска интервенција, како и писмен доказ од Јавен Обвинител во случај на силување, се психолошки притисок врз жената да се откаже од намерата да абортира. Под превез на впечатокот дека жената има право на избор, суптилно тоа се ограничува, рече тогаш Габер-Дамјановска.

(ВИДЕО)Мухиќ: Абортусот е убиство, но не треба да се забрани со закон

-Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, репродуктивните права или основните слободи (Водичите на Светската Здравствена Организација, Резулициите на Собранието 1399 (2004), 1607 (2008)“, се вели во Декларацијата што 20 членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа го упатија до тогашната власт, откако претходно слично писмо упатија и европратениците.

Но тогашната власт ги игнорираше сите меѓународни укажувања и укажувањата на граѓанските организации кои законот го оквалификуваа како монструозен. Во октомври 2018 година, министерот во чие време беше донесен законот Никола Тодоров, преку ТВ емисија им се извини на жените токму заовој закон.

-До денеска ми замеруваат за законот за абортус. Можам сега јавно да се извинам на сите жени чии чувства сум ги навредил со носеето на тој закон. Иако идејата позади тоа била многу благородна и позитивна, рече Тодоров во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Верските заедници здружено против

– Заеднички став е дека предложеното законско решение за прекинување на бременоста го прекршува основното право на живот на нероденото дете и го легализира свесното одземање на невин живот, се наведува во соопштението потпишано од поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката врква и Исламската верска заедница во земјава.

Нивната реакција уследи откако на јавната расправа за законот во собраниската комисија за здравство на 4. март  на претставници на црквите и верските заедници не им беше дозволено да влезат.

Во соопштението во кое јасно се изразува ставот со кој се негира правото на  жената на избор, верските заедници обвинуваат дека со спречување да учествуваат во расправата била „извршена груба дискриминација, како и флагрантно кршење на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, предвидени со член 16 од Уставот каде се гарантира слобода на уверување и мисла и јавно изразување на мислата“.

-Спречувањето на нивното присуство само јасно укажува на формалноста на јавната расправа, и тоа во ситуација кога одлуката е веќе донесена, без разлика колку и да се цврсти аргументите кои ѝ се спротивставени, се вели во заедничкото соопштение.

-Господ секогаш и бил најголем непријател на жената. И нема право да се повикуваме и да се зборуваме за какви било верски чувства во носењето на овој закон, порача Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.