По неуспешното спроведување на смртна казна во сојузната држава Оклахома во САД минатиот месец, законодавец од Јута вели оти смета дека извршувањето на оваа казна преку смрт со стрелање е похумана форма на егзекуција и планира да ја врати оваа опција за криминалците осудени на смрт до оваа сојузна држава.
Пол Реј, републиканец од градот Клирфилд од северот на Јута планира да поднесе ваков предлог пред претставничкиот дом на сојузната држава во јануари. Јута веќе има традиција на егзекуции преку стрелање, при што петмина полицајци кои користат пушки Винчестер со калибар 7.62 милиметри го стрелаа Рони Ли Гарднер во 2010, последна егзекуција со пушка во оваа сојузна држава.
Реј смета дека контроверзниот метод може да биде поприфатлив сега, откако сојузните држави се справуваат со тужби за неуспешни егзекуции и недостиг од неопходните хемикалии за смртоносните инјекции.
– Личи како на Дивиот Запад, но, тоа е најверојатно најхуман начин да се убие некој – вели Реј.