Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за Јавни набавки ги остави клиниките без лекови и реагенси

0
By Менче Атанасова Точи on November 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациентите кои имаат потреба да направат испитувања за бактериски инфекции во крвта се враќаат од лабораторијата на Институтот за микробилогија. Причината е што веќе три месеци оваа институција нема реагенси за правење на овие анализи. Лекарите се жалат дека на почеток пациентите плаќале по 4500 денари во приватните лаборатории за да го направат испитувањето, а од пред извесно време испитувањата ги прави Институтот за јавно здравје. Партиципацијата е иста како и на микробиологија 350 денари, а редиците од луѓе кои имаат потреба од ова испитување се огромни.

„Бев во дневна болница 10 дена и не ми направија пнеумо слајд за да видат која бактерија е присутна и да ми дадат соодветен лек. Ме бомбардираа со голема доза на антибиотици, а сега откако направив испитување во Институтот за јавно здравје се покажа дека сум имал вирусна инфекција и немало потреба од антибиотик, изјави пациент од Скопје.

Но, ова не е се. На микробиологија нема реагенси за хелокобактер(антиген ), процедура која со голема сигурност докажува присуство на оваа бактерија која предизвикува чир на желудник. Недостасуваат и други реагенси за анализи кои се неопходни.


На Институтот за микробиологија за НОВА велат дека има постапка за јавна набавка на реагенси, но административната процедура е пречка да се реализира набавката и затоа лабораторијата останала без потребните анализи за испитување.

„Не може во било кое време да се распише јавна набавка. Процедурата за законот за јавни набавки налага залихите да бидат при крај или да им биде истечен рокот на траење, за да можеме да распишеме тендер, велат во раководството на Институтот.

„Точно е дека долго време не ги правиме овие испитувања бидејќи во ист тендер се цела палета на реагенси. Тешко е да се предвиди но, се надеваме дека на почетокот на идниот месец ќе заврши постапката и реагенсите ќе ги имаме во лабораторијата, изјави за НОВА Милена Петровска директорка на Институтот за микробиологија.

Но, со ваков проблем не се соочува само оваа институција. Пациенти се жалат дека со месеци недостасуваат реагенси за алерголошки испитувања кои вообичаено се прават на Институтот за имунологија. Не добивме објаснување за што се работи од директорот Дејан Трајков. Тој преку СМС порака кажа дека единствена овластена личност за давање на таков тип на изјави е деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски.

НОВА и пред ваквиот одговор се обрати кај деканот на Медицинскиот факултет. Од таму добивме одговор дека деканот не е соодветно информиран од директорите на институтите и веќе мислел дека проблемот е решен. Сепак, изјави дека работите одат тешко и бавно поради административните процедури.


„Постојано праќаме писма во Советот за јавни набавки при Владата, но работите одат бавно поради законската процедура, изјави за НОВА Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет.

Лекари специјалисти од Одделението за нуклеарна медицина во битолската Клиничка болница пак, ќе бидат казнети затоа што предвреме ги потрошиле реагенсите за испитување на тироидната жлезда предвидени за 2014 години.

Таму веќе неколку месеци се прават анализи само за итни случаи, но, нема контроли за хронично болните пациенти. Наместо за недостигот на реагенси да се грижи менаџерскиот тим, директорот Васил Најдоски одговорноста ја бара од лекарите. Најдоски смета дека лекарите ги потрошиле за шест месеци реагенсите кои биле предвидени за цела година.

Зачудува фактот што директорите наместо да објаснат за што с е работи, се плашат вистината да ја кажат јавно.

Всушност, состојбата е последица на измените на Законот за јавни набавки од мај годинава со кои за секоја јавна набавка треба да се добие одобрение од Советот за јавни набавки. Извори кои добро ја познаваат оваа проблематика за НОВА велат дека новоформираниот Совет ја кочи процедурата, што претставува непотребно административно оптоварување, а е голем трошок за буџетот бидејќи во него членуваат луѓе од сите специјалности.

„Со овие измени (Сл.весник бр.148 од 29.октомври 2013) се воведе обврската од мај 2014 година сите институции доколку низ истражувањето на пазарот не можат да докажат дека на тендерот ќе имаат доволен број на понудувачи (од 3 до 5 зависно од големината на тендерот) тогаш дека мора да бараат одобрение од Советот за јавни набавки, велат познвчите на проблематиката.

Измените од надлежните тогаш беа образложени како начин за зголемување на малата конкуренција на тендерите. И Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија веќе го коментираше формирањето на овој Совет како непотребно административно оптоварување.

За ваквата алармантна состојба НОВА побара одговор од Бирото за јавни набавки, но ни беше речено дека директорката е цел ден на состаноци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.