Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за Јавно обвинителство се враќа во работните групи

0
By Нова ТВ on January 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По два дена стручна расправа, Предлог-законот за Јавно обвинителство повторно се враќа на работните групи меѓу политичките партии. Се очекува дел од забелешките изнесени на расправата да се најдат во текстот на законот.

Министерката за правда Рената Дескоска вчера рече дека нема да дозволат да се блокира процесот на носење на законот и оти ќе се обидат да закажат средба со пратеничките групи во поширок формат. Таа изрази надеж дека ќе учествуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлог-законот за Јавно обвинителство го содржи концетот за градење силно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите што ги водеше СЈО. Ова обвинителство, согласно предложениот текст, има одредени статусни и финансиски гаранции, што треба да му овозможат и гарантираат независност од извршната, законодавната власт, со цел да не може да биде уценувано ниту од финансиски аспект, ниту да се врши какво било влијание“, рече Дескоска.

Таа укажа дека прашањето околу постапката за предлагање јавен обвинител од страна на опозицијата е една од спорните точки за кои ќе се гради консензус. Според неа, вреден за размислување е предлогот за транспарентност на постапката за избор на обвинител на организиран криминал и корупација и тој предлог ќе биде земен предвид.

Што се однесува до членовите 108 и 109 од законот, кои според Дескоска се најжешки камења на сопнување меѓу политичките партии, охрабрува ставот, како што рече, истакнат од повеќе експерти дека дури и да не се напише оти постапките продолжуваат, тие ќе продолжат согласно Законот за кривична постапка.

 

„Ќе продолжиме да се убедуваме со сите пратеници и ќе бараме мнозинство. Кој има добра намера е добредојден, кој не нема да дозволиме да го блокира процесот на носење на законот“, порача министерката за правда Дескоска.

Во Собранието вчера и завчера се одржа јавната расправа за законот за Јавното обвинителство, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Во јавната расправа учествува претставници на правната фела, обвинители, адвокати, професори од правните факултети и од НВО секторот, како и пратеници од сите политички партии.

Предност во изнесувања на своите забелешки им беше дадена на претставниците на стручната и експертската фела, кои изнесоа свои размислувања и забелешки за предложениот текст и се очекува дел од нив да се најдат во текстот на законот, кој допрва треба да биде доставен во собраниска процедура. Според најголем дел од нив, закон за јавното обвинителство е потребен и тој треба да биде донесен од Собранието.

За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.

Закон за ЈО јавна расправа работни групи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.