Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за медиуми влегува во собраниска процедура

0
By Нова ТВ on July 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На последната седница на Владата одржана на 12 јули, по предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата ги разгледа, усвои и препрати до Собранието двата закони поврзани со медиумите – законот за медиуми и законот за аудиовизуелни медиумски услуги, соопшти денеска министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Поделбата на законите доаѓа по препораката на Советот на Европа, да се измени нацрт-текстот на законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги и да се подели на два дела, објавува МОФ.

Законите ќе се најдат на дневен ред по редовна постапка на првата наредна собраниска седница, која заради летните одмори најверојатно ќе се одржи за еден месец.

Според министерот Ивановски, со законот за медиуми се пропишуваат основните начела и услови кои треба да бидат исполнети од страна на издавачите на медиуми при вршење на нивната дејност.

Законот ќе се однесува на сите медиуми во Македонија кои претставуваат средства за јавно информирање, односно каков било вид на комуникација како весници, магазини, програми на радијата и телевизиите, електронски публикации, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика со цел да се информираат и задоволат културните, образовните и другите потреби за пошироката јавност.

„Тој содржи 24 члена, кои се одземени од текстот и нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој долго време беше коментиран во јавноста. Во овој закон се поставени и членовите за слободата на изразување и слободата на медиумите, основните услови за издавање на медиуми, обврската за објава на одредени информации, одговорен уредник, уредништво, акт на издавач на медиум, правото на новинарот да го изнесе своето мислење и став и да одбие и изврши налог односно задача, заштита на изворот на информации, импресум, казнени одредби “, рече Ивановски.

Според него, електронските публикации ги опфаќаат сите електронски верзии на весници и магазини, кои преку интернет веб страни се достапни за пошироката јавност, без оглед на нивниот обем. Нема да бидат опфатени блогови, форуми, приватни веб страници, портали, социјални мрежи и слично.

Според Ивановски, во новите предлог-закони биле презицирани сите членови каде постоеле забелешки од Советот на Европа и ОБСЕ.

„Регистрацијата на медиумите ќе се врши во Централниот регистар, како било кое трговско друштво а не во новата Агенција за медиуми, со што се задоволува уште една забелешка од ОБСЕ и Советот на Европа. Членот за саморегулација се брише по препорака на ОБСЕ и ги охрабрувам медиумите во Македонија сериозно да посветат внимание на оваа тема, а не само декларативно. Слободата на медиуми и изразување може да биде ограничена само во согласност со Уставот“, вели Ивановски.

Вториот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ги регулира правата, обврските и одговорностите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги и операторите на јавните електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.