Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе се применуваат од 1 јануари 2022 година

0
By Нова ТВ on March 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1-ви јануари 2022 година, а истото ќе важи и за измените и дополните во Законот за данок на имот, соопштија денес вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд ии социјална политика, Јагода Шахпаска на редовната средба на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

На денешната седница се разговараше за повеќе теми, претставниците на бизнис секторот беа запознаени со предлог – измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, статусот за прогресот во подготовка на Законот за работни односи, како и одредени предлози за законски измени поврзани со минималниот праг за основица за плаќање на придонеси и данок на имот.

Во однос на предлог измените на Законот за финансиска поддршка за инвестициите, Вицепремиерот Битиќи посочи дека со дел од измените на Законот ќе им се помогне на компаниите во пребродување на тешката 2020 година.

„Тоа се однесува и на компаниите кои веќе земале помош по мерките од законот, да не бидат елиминирани поради пад на приходи, и затоа воведуваме предлог измени во условите за аплицирање. Дополнително, ќе се променат начинот и условите на исплата, односно ќе се прават исплати тековно што ќе биде дополнителна помош и зголемување на ликвидноста на компаниите“, потенцира Битиќи.

Како една од најважните предлог измени во овој закон е и усогласувањето на поддршката со Рамномерен регионален развој за што вицепремиерот Битиќи посочи дека сите политики кои оваа Влада ги носи е значајно и приоритет да се усогласени со Рамномерниот регионален развој.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска, информираше за прогресот на активности во подготовката на измените на Законот за работни односи, за измените кои се однесуваат за „Недела неработен ден“, како и за усогласувањето на минималната плата.

Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска, посочија дека примената на законот за работни односи и „Недела неработен ден “, ќе бидат со одложена примена, од 1-ви јануари 2022 година, и истото ќе важи и за измените и дополните во Законот за данок на имот, за кои зборуваше заменикот на министерот за финансии, Димитар Ковачевски.

Заменик министерот рече дека предлог Законот за данок на имот, веќе е во собраниска процедура, а образложи дека стапките на данок на имот остануваат во рамките во кои беа до сега, освен за освен за оние лица кои поседуваат повеќе единици на имот, и кои не се користат или не се во економска функција.

„Законските измени се во функција на цел зголемување на продуктивноста и зголемување на приходите по основ на данок на имот“, нагласи Ковачевски.

На иницијатива на МАСИТ, на оваа седница се разговараше и за поставување на минимален праг на основица за плаќање на придонеси, при што вицепремиерот Битиќи, посочи дека Владата останува посветена на она што е дел од програмата, а тоа е скалесто намалување на персоналниот данок во ИТ индустријата.

Како и на сите досегашни состаноци и овој состанок помина во конструктивна атмосфера, со отворени дискусии помеѓу вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски и од друга страна претседателката на МАСИТ, Анета Андова Пешева, претседателот на Стопанска комора на Северо-западна Македонија Неби Хоџа, Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска и извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ, се вели во соопштението до медиумите.

Согласно воспоставената практика, секој последен петок во месецот се држи седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.