НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за СЈО блокиран со барања за нови амнестии

0
By Соња Петрушевска on May 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема поместување во позициите на работните партиски групи за СЈО – кажа министерката за правда Рената Дескоска, по средбата во Министерството за правда со преговарачот од ВМРО ДПМНЕ Тони Мекиноски.

На средбата, ВМРО ДПМНЕ побарале да се запрат сите постапки кои СЈО ги покрена 18 месеци по формирањето на Обвинителството, а доказите за овие случаи да се уништат.

„Разговаравме за членот 105 кој што е всушност и клучната пречка во донесувањето на Законот, а тоа е околу продолжување на постапките и користењето на доказите собрани во текот на постапките.

Црвената линија која не смее да се премине се однесува за продолжување на гонењето за сторените кривични дела и она што не може да биде прифатено во ниту еден случај од Министерството за правда е внесување на одредби кои ќе значат скриена амнестија за одредени сторители на кривични дела.

Барањето на ВМРО ДПМНЕ  е, се што е покренато после 18 месеци, да биде прекинато. Значи сите докази, не само снимките, туку и сите материјални докази коишто се собрани да не се користат и да бидат уништени“, кажа Дескоска.

Според последниот предлог што се разгледува е да се формира комисија составена од републичкиот јавен обвинител и уште двајца обвинители кои ќе одлучуваат кои од предметите ќе ги работи Обвинителството за организиран криминал, а кои  СЈО –  но останува клучно дали распределбата ќе важи и за предметите за кои СЈО има покренато истраги и обвинија и по истекот од 18 месеци.

„Ако сите начелно зборуваме за правда, правичност и владеење на правото на овој закон ќе се види дали заложбите за право и правда се искрени или не“, кажа Дескоска.

Преговарачот од редовите на опозицијата Тони Менкиноски потврди дека ВМРО ДПМНЕ бара да прекинат сите постапки кои СЈО ги презело по 18 месеци и дека нема да отстапат од ова нивно барање.

„Тој дел за нас е неприфалив. Законот тоа го предлага, не можеме ние надвор од Законот. Се знае до 30 јуни 2017 година, СЈО има мандат – по овој рок не“, кажа Менкиноски кој неколкупати повтори дека неговата партија се залага за почитување на правото, владеење на правото и почитување на човековите права.

Пратеникот Антонио Милошоски повеќе не е дел од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ по реакциите дека тој како осомничено лице во предемет на СЈО не може да биде дел од преговарачкиот процес.

Долгите преговори меѓу партиите ги успорија истрагите за СЈО

Долгите преговори околу новиот Закон за јавно обвинителство ја закочи и работата на СЈО посебно по правното мислење на Врховниот суд дека треба да запрат сите истраги за предметите отворени во периодот по јуни 2017 година.

Шефицата на СЈО Катица Јанева кажа дека „реално има застој, но мораме да бидеме стрпливи“. Јанева очекува овој период на неизвесност да заврши побрзо.

„СЈО отвори и повеќе нови предистражни постапки од разговорите кои останаа. Работа има, но се надевам дека овој период брзо ќе заврши за да знаеме во кој правец треба да ги водиме нашите предмети. Јас се надевам дека сите ние ќе останеме да изработиме уште еден мандат. Кога бевме избрани, не размислувавме да имаме постојан мандат, туку да се инкорпорира СЈО во редовното Обвинителство“, кажа Јанева.

Реизборот на обвинители во СЈО, според последниот предлог би се одвивал етапно, а изборот ќе го врши Советот на јавни обвинители. За предлогот да се формира комисија која ќе врши распределба на предметите, Јанева кажа дека дека тие се на располагање и се подготвени да го помогнат тој процес.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска не сакаше да го коментира новиот Закон за јавно обвинителство додека преговорите се уште траат, но напомена дека законите мора подеднакво да важат и за избраните функционери, а не само за граѓаните.

„ Уште стојам зад мојата изјава дека правото важи само за граѓаните, а не и за судиите и пратениците. Носителите на јавни функции како што се пратеници, судии, обвинители мора секогаш да бидат построго казнувани затоа што тие се оние кои треба да го спроведуваат законот“, кажа Рускоска.

Рускоска наведе дека отворени се предистражни постапки за функционери од власта, но не сакаше да каже за какви кривични дела се работи.

Експерти: Заложбата на партиите за борба против криминалот да не остане само флоскула

И експертската јавност бара да види сериозна борба против организираниот криминал, посебно што Поглавјето 23 – за владеење на правото, ќе биде првото што ќе се отвори по стартот на преговорите со Унијата.

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ оценува  дека на институциите што се задолжени за борбата против организираниот криминал и корупција дефинитивно им е потребно зајакнување, поради што и беше формирано СЈО.

„Очигледно политичките несогласувања се клучни во овој момент за консолидирање на партиите во однос на овој Закон. Дефинитивно е потребно и повеќе од нужно е да се регулира СЈО што е можно побрзо за овие две обвинителства да можат непречено да функционираат и да можат да постапуваат по останатите предмети и постапки кои се веќе започнати“,  рече Петровска.

Алберт Муслиу од Асоцијацијата за демократски иницијативи, оценува дека „политичка волја има, но она што се спроведува на дело не е доволно“.

„Политичките елити долго време не убедуваат дека е нормално преку политички договори да ги одредуваат инструментите и на правосудните органи да им овозможат да се борат сериозно против корупцијата и против неказнивоста. И на нас граѓаните е да извршиме притисок, таа декларирана спремност за борба против организираниот криминал и корупцијата да ја имплементираат преку овозможување на инструменти да се спроведе до крај, да не остане само флоскула, туку реално тие кои се огрешиле од Законот да одговораат како ние обичните граѓани и да немаат право на неказнивост“, кажа Муслиу.

Следната средба меѓу партиите за Законот за јавно обвинителство е закажана за во петок. Овој закон е меѓу условите што ги бара Брисел за да се потврди подготвеноста на земјата за борба против организираниот криминал и тој мора да биде донесен пред да се затвори Извештајот на ЕК за напредокот на земјата до крајот на овој месец.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.