Published: Monday, January 19, 2026 13:32
Љулзим Алиу, од владејачката коалиција коалицијата Вреди, од партијата Алтернатива, поднесе неотповиклива оставка од позицијата заменик-министер за образование и наука.
Како што пишува на Фејсбук, каде што информираше за оставката, истата е резултат на негова лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период било најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле, во истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството.
Алиу доаѓа од партијата Алтернатива на поранешниот лидер, сега собраниски претседател, Африм Гаши.




