Рускиот амбасадор при ОБСЕ, Андреј Келин вели земјите од Западот го користат прашањето со Крим како би ги прикриле сомнителните дела од минатото на Косово. Според него, Крим и припадна на Русија по пат на референдум, додека Косово е одземено.
Во разговор за „Русија 24“, Келин ги отфрла наводите дека неговата земја го прекршила меѓународното право, но смета дека истото е прекршено со „инвазијата на САД врз Грeнада и кога членките на НАТО ја бомбардираа Србија за да и го одземат Косово“.
– Околу 2 000 луѓе загинаа тогаш, а огромен број на луѓе беа повредени, Во тоа време не стана збор за било какви принципи, суверентите и територијален интегритет, изјави рускиот амбасадор при ОБСЕ.
Тој потенцира дека ним им било кажано дека Косово е специјален случај.
– На Косово немаше ништо, ниту гласање ниту референдум, заклучува Келин.