Возилото претходно го паркирала сопругата на Шилегов, потврди МВР.
На поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, рано утрово му изгорел автомобилот марка „ауди“, а освен неговиот, се запалиле уште три возила – „пасат“, „матиз“ и „нисан“ . Причините за опожарувањето на автомобилите сеуште не се познати.
Возилото претходно го паркирала сопругата на Шилегов, потврди МВР.
„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.