Во текот на ноќта, украинската армија извршила напади со дронови врз стратешки објекти на Русија. Во нападите погодена е рафинерија за нафта „Кириши“во северозападна Русија.
Пожарот што избувна во неа по нападот беше изгаснат откако остатоците од соборениот дрон паднаа на земја, изјави Александар Дрозденко, гувернер на Ленинградскиот регион.
Според Дрозденко, руската воздушна одбрана пресретнала три дронови во оваа облас. Остатоците од соборениот дрон паднале на местото на рафинеријата и предизвикале пожар кој подоцна бил изгаснат. Немало жртви.
Рафинеријата „Кириши“, е една од двете најголеми во Русија по обем на производство, заедно со рафинеријата „Рјазан“, која исто така беше нападната со украински дронови на 5. септември годинава.