Во знак на протест од посетата на грчкиот претседател Папуљас, три момчиња во Тирана, Албанија, го запалиле грчкото знаме, јави дописникот на МИА од Тирана.
Знамето било запалено на плоштадот „Мајка Тереза“ околу 16 часот, во моментот кога во хотелот „Рогнер“ кој се наоѓа во близина на плоштадот, се одржувал албанско-грчки економски форум.
Момчињата чиј идентитет не се наведува се приведени од полицијата.