Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна 13. издание на „Битола Отворен Град 2014“

0
By Нова ТВ on June 25, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со отворањето на меѓународната дигитална изложба на тема „Град“, денес во Битола започна четиридневното издание на Интернационалниот младински арт фестивал „Битола Отворен Град 2014“.

На изложбата беа презентирани најдобрите дела во рамките на Интернационалната Инстаграм галерија. Станува збор за 100 фотографии од 50 „отворени“ градови од светот, меѓу кои покрај Битола, се најдоа и фотографии од Њујорк, Лондон, Дубаи, Берлин, Истанбул и други.

Од денеска па до сабота, на различни локации во градот под Пелистер, ќе се одржат повеќе концерти на музички групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, како и големиот традиционален музички хепенинг под отворено небо на Широк сокак.

Главни ѕвезди на првиот фестивалски ден ќе бидат членовите на балканската рок атракција „Negative“, додека како нивни предгрупи ќе настапат српскиот ска-реге-џез-панк бенд ZAA и реге-хард кор бендот Conquering Lion од Тетово.

„Заради атрактивноста на главните ѕвезди, како и заради традицијата главниот музички хепенинг да биде посетен од повеќе од 4.000 посетители од земјата и странство, годинава се очекува овој број да биде уште поголем, со што уште еднаш ќе се потврди статусот на главниот настан , како најмасовен музички настан ова лето во Битола“, вели директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски.

Интернационалниот младински арт фестивал „Битола Отворен Град 2014“ се одржува во рамките на „Битфест 2014“. Покрај главниот организатор, битолскиот Младински културен центар, фестивалот е поддржан од ONE, како и од градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.