Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна постапката за екстрадиција на новинарот Зоран Божиновски

0
By Менче Атанасова Точи on January 31, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започна постапката за екстрадиција на новинарот Зоран Божиновски кој цели два месеци се наоѓа во притвор во затворот во Нови Сад.

Македонија побарала Зоран Божиновски да биде екстрадиран во државата, а во вторникот навечер Божиновски го добил решението од Основниот суд во Нови Сад за негово испорачување во Македонија.

Според адвокатот на Божиновски, Основниот суд одлучува по основ на документите, по што целиот случај оди во Апелациониот суд, каде Божиновски ќе има можност да излезе пред суд и да се брани. Одлуката на Апелациониот суд, ќе биде пратена во Министерството за правда на Србија, кај министерот од кој ќе зависи дали Божиновски ќе биде екстрадиран во Македонија.

Здружението на новинарите на Србија веќе го контактирале адвокатот на Божиновски и исто како и Здружението на новинари на Црна Гора и пратиле апел до министерот за правда, да не дозволи новинарот да биде екстрадиран во Македонија. Неговото семејство бара од ЗНМ, да упати апел до министерот за правда на Србија, македонскиот новинар да не биде испорачан во државата.


– Бараме ЗНМ да упати апел до српскиот министер за правда, исто како што тоа го направија двете други здруженија на новинари на Србија и Црна Гора, изјави за НОВА неговата ќерка Ана.

Пред три дена во скопскиот кривичен суд започна судскиот процес против 19-мината обвинети за случајот „Шпион“, обвинетите за кое се товари и Божиновски.

Во септември, со обвинување дека издавале државни тајни, шпионирале за странски служби и уценувале, беа уапсени разузнавачи, контра разузнавачи, воени разузнавачи, поранешни и актуелни вработени во Армијата, УБК, Агенцијата за разузнавање, од Државниот архив, како и новинарот Зоран Божиновски, кој негираше била каква вмешаност во „Шпион“.

Групата, според истражните органи, работела за странски разузнавачки служби, одавала информации кои се однесувале на политичката состојба, изборите, безбедноста, информации за верските заедници.

Поранешниот разузнавач Марјан Ефремов е првообвинет во случајот. Според тврдењата на МВР, Ефремов откако во 2009 година добил отказ од Агенцијата за разузнавање, формирал злосторничка група во која влегле поранешни или сегашни вработени во УБК, БЈБ, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и други. 

Во септември минатата година судијата Владимир Туфегџиќ на прес-конференција излезе со предупредување до новинарите да внимаваат како известуваат во врска со полициската акција „Шпион“, со образложение дека пласирањето информации кои се класифицирани би можеле да и нарушат на истрагата, а новинарот и медиумот би можеле да повлечат кривична одговорност доколку така оцени Јавното обвинителство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.