Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна судењето против директорот на Здравствениот дом во Ресен

0
By Менче Атанасова Точи on July 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започна судскиот процес против Трајче Ничевски, директор на Здравствениот дом во Ресен каде тој се товари за злоупотреба на службената положба  и овластување според член 353 ст.5 од Кривичниот закон. Ничевски е осомничен бидејќи наводно, во 2012 година со фиктивни фактури го оштетил буџетот на државата  во износ од  1.506.554 денари,  пари кои  биле наменети за реконструкција на Здравствениот дом во Ресен.

Случајот го обелодени НОВА во септември минатата година. Во кривичната пријава стои дека како директор Ничевски, по претходен договор со управителот Ж.М на фирмата „Модул-проект“ДООЕЛ од Ресен, по распишаниот оглас за избор на најповолен изведувач на санитарните јазли, стапиле во контакт со нивниот поранешен деловен партнер , односно пациент И.Р. сопственик на ДПТУ „Конзул“од Битола и го навеле да учествува во тендерот.

Според Кривичната пријава Ничевски е осомничен дека по распишаниот оглас за најповолен изведувач за реконструкција на санитарни јазли во Здравствениот дом, склучил штетен договор со Фирмата ДПТУ „Конзул“ од Битола од милион и пол денари, а сето тоа било покриено со фиктивни фактури.

Истрагата покажала дека со документите требало да се прикаже дека парите се употребени за  тоа што биле наменети, односно демонтажа и монтажа на санитарија, фактура во износ од 89.760,21 денари, за вадење на градежен шут и негово депонирање кое чинело 65.279,69 денари, како и бојадисување на радијатори и цевки фактура во вредност од  29.732,95 денари.

Наместо работници од фирмата градежните работи ги вршеле двајца хаус мајстори од Здравствениот дом, но и за тоа биле наплатени  фиктивно  182.772,82 денари.  Извори на НОВА од Здравствениот дом потврдија дека хаус мајсторите во полицијата признале дека за направената услуга им биле дадени на рака вкупно 10 000 денари„ за да се почестат со кафе“.

Во пријавата стои дека Ничевски донел одлука фирмата „Македонски глас“од Прилеп да врши надзор на објектот иако истата била под изведувач, што е спротивно на Законот за судир на интереси. Финансиската полиција  констатирала дека и во овој случај директорот го оштетил буџетот со две фиктивни фактури, а надзорниот инженер вработен во оваа фирма невистинито ја завел услугата, како да ја извршила фирмата ДПТУ„ Конзул“од Битола.  Потпис и печат  на лажната фактура ставил второ пријавениот Ж. М. Така, освен за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување сите тројца пријавени  се осомничени и за Фалсификување на службена исправа.

Управителот на „Модул-проект“ДООЕЛ од Ресен направил фактура со невистината содржина за наводни услуги како што е молерисување, монтажа и демонтажа на санитарија по што фактурата ја пренасочил во фирмата „Конзул“ од каде што с е стекнале со 99 000 денари. Тој е осомничен и за Фалсификување и уништување на деловни книги, според чл.280.ст.3 од Кривичниот Закон.

Во СВР Битола тогаш за НОВА потврдија дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против директорот на Здравствениот дом, Трајче Ничевски и уште двајца осомничени за соучесништво.

Ничевски демантираше дека против него е поднесена кривична пријава. Тој изјави дека постапката била спроведена електронски, со банкарски гаранции и со електронска аукција каде се пријавиле и други фирми.

„Тие што се занимаваат со јавни набавки многу добро знаат дека не е можно никому да наредиш на учествува на тендер ниту е можно некого да фаворизираш како договорен орган. Единствен критериум за избор е најниска понудена цена и тоа е почитувано од  страна на Комисијата за јавни набавки при носењето на одлуката за избор“, рече тогаш Ничевски.

Тој потенцираше дека споменатата набавка била спроведена од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, а не од буџетски средства. Ничевски со Здравстениот дом директорува цели 11 години.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Оставката на Ана Чупеска

ВЕСТИ November 3, 2025

Ана Чупеска, потпретседателката на СДСМ, како што е веќе познато во јавноста, поднесе оставка на…

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.