Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на ресенската болница ја демантира пријавата против него

0
By Менче Атанасова Точи on September 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 10, 2016 20:10

Директорот на Здравствениот дом во Ресен, Трајче Ничевски за кој СВР Битола поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство, ја демантира полицијата и пријавата во која е осомничен за злоупотреба на службената положба  и овластување. НОВА објави дека против Ничевски полицијата поднесе Кривична пријава бидејќи постои сомнение дека во 2012 година со фиктивни фактури го оштетил буџетот на државата  во износ од  1.506.554 денари,  пари кои  биле наменети за реконструкција на Здравствениот дом во Ресен . Ничевски прво испрати Реакција во која сакаше да знае како Кривичната пријава стигнала до НОВА, а потоа го испрати овој Демант кој го објавуваме во целост.

„Во врска со вашата објава од 05.09.2016 година, објавено во 13,оо часот, текст на новинарот Менче Атанасова Точи, под наслов ,,Директор на ресенската болница осомничен за финансиски малверзации,, Ве молам во целост да го разгледате и објавите следниов демант:

1.Според Вашиот текст јас како одговорно лице со Ж.К сме го натерале сопственикот на фирма од Битола да учествува на тендер за реконструкција на санитерните јазли во нашата установа.

Од кај Ви е оваа информација и како би можел да натерам некоја фирма да учествува на тендер? Напоменувам дека постапката беше спроведена комплетно електронски,со електронски потпишани документи,банкарски гаранции и спроведена со електронска аукција каде се појавија и други фирми.Тие што се занимаваат со јавни набавки многу добро знаат дека не е можно никому да наредиш на учествува на тендер ниту е можно некого да фаворизираш како договорен орган. Единствен критериум за избор е најниска понудена цена и тоа е испочитувано од  страна на Комисијата за јавни набавки при носењето на одлуката за избор.

2.Во текстот тврдите дека сум потпишал договор со избраната фирма кој Вие го нарекувате „ШТЕТЕН“.

Почитувани,договорот е потпишан со избраната фирма која има регистрирано дејност која е соодветна за нашата набавка. Тие што го познаваат законот за јавни набавки  од 2012 година знаат дека тука завршува мојот интерес за тоа кои подизведувачи ќе работат и дали има такви за носителот на градежните работи кој е избран од наша страна. Ние немаме таква обврска по закон,тоа е работа на изведувачот.

3.Споменатата набавка е спроведена од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, а не од буџетски средства како што споменувате Вие во Вашиот текст.

4.Ние по завршување на работите кои беа предмет на набавката фактурата ја плативме на изведувачот во цел износ, а не како што наведувате на подизведувачите. Точно е тоа дека мои вработени хаус-мајстори помагале само при монтажа на санитариите (WC-шољи и казанчиња) затоа што беше летен период а ние сме јавна здравствен установа со голема фреквенција на вработени и персонал а се со цел да се забрза работата и сите споменати корисници да можат да ги користат тоалетите што побрзо.

Во ниеден момент вработените не добија наредба од мене како одговорно лице да работаат ништо што беше предмет на набавката.

5.Одговорноста на изведувачот за плаќање на неговите подизведувачи ја сноси исклучиво изведувачот и никој друг. Се поставува прашањето зошто тој би им плаќал на неговите подизведувачи нешто кое тие не го сработиле? Такво нешто почитувани во приватниот бизнис не може да се случи.

6.Почитувајќи го законот за јавни набавки ние исто така спроведовме законска постапка за избор на надзор и одговорното лице кое беше избрано на тендер. После комплетна проверка на сите извршени градежни работи даде зелено светло дека сите работи кои беа предмет на набавката се завршени во предвидениот рок од страна на изведувачот по што ние во целост го подмиривме долгот спрема изведувачот и на никој друг и ја ослободивме неговата банкарска гаранција.

7.Во никој случај не смеевте да го објавите текстот дури два дена пред истиот да се појави во Службениот билтен на МВР-Битола при тоа непочитувајќи го законот за предистражна постапка според кој во предистражна постапка сите постапки околу објавување на лични податоци се тајни,при што споменувате имиња во целост и имиња на фирми,адреси со што директно ни нанесовте недонаместлива  штета како на лицата така и на фирмите наведени во Вашиот текст.

За воља на вистината и во текстот на СВР Битола објавен во нивниот Билтен законот за тајност на личните податоци не е во целост испочитуван.

Не навлегувам во тоа како копираниот документ на СВР Битола стигнал до Вас и чија е користа од објавувањето на Вашиот портал бидејќи тоа ќе биде предмет за Внатрешната контрола на МВР при што се надевам дека ќе дознаам зошто истиот документ стигнал незаконски прво до Вас ,кои биле мотивите за тоа,дали одговорните ќе бидат казнети и т.н“, се вели во демантот на Трајче Ничевски.

Образложение од НОВА:

Пред да го објави текстот заедно со документот од Кривичната пријава, НОВА го контактираше Ничевски при што тој даде изјава и го кажа својот став за случајот. Сетоа тоа беше пренесено од збор до збор, со што се запазени стандардите на професионално новинарско известување. Со тоа се согласи и Ничевски кога дојде во редакцијата со цел да дознае како Кривичната пријава стигнала до нас. Следуваше Реакција, а потоа и Демант во кои повторно се интересира од каде ни се информациите иако се гледа дека се извадени од Кривичната пријава на СВР Битола.

Го потсетуваме Ничевски дека објавувањето на било каков документ па и на Кривична пријава е дел од истражувачкото новинарство и не е ништо ново во оваа сфера.

Во текстот на НОВА ниту е додадено ниту одземено нешто повеќе од податоците наведени во пријавата . Деталите кои ги образложил Ничевски погоре веројатно треба да ги чува за правосудните органи бидејќи, како што дознаваме Обвинителот од Ресен, Кривичната пријава веќе ја препратил до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

демант директор осомничен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.