Во Турција утринава започнаа локалните избори кои многумина ги сметаат за референдум на премиерот Реџеп Тиап Ердоган, кој се соочува со големи корупциски скандали и масовни протести.
Повеќе од 50 милиони избирачи ќе гласаат за градоначалници и локални одборници на 200 000 избирачки места.
Утринава првите избирачки места беа отворени во источна Турција, а подоцна ќе бидат отворени и во западниот дел на земјата, јавува агенцијата AFP.
Ова се први избори откако полицијата во јуни минатата година, се судри со демонстрантите при што беа убиени осум луѓе, по што следуваше период на политички хаос.
Турскиот премиер од декември се соочува со корупциски скандар во кој се вмешани луѓе од неговото опкружување, бизнисмени и поличари, а синовите на тројца министри се уапсени во политички рации.
Изборната трка се очекува да биде најнапната во Истанбул и Анкара,а Ердоган вети дека ќе ја напушти политиката доколку неговата партија не излезе како победник на изборите.
По овие во август следуваат претседателски избори, а следната година се предвидени парламентарни избори.