Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнаа обуките за намалување на смртноста на новороденчињата

0
By Нова ТВ on September 24, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со цел намалување на смртта на новороденчињата и мајки на Клиниката за гинекологија започнува првата двонеделна обука на мултидисциплинирани тимови од гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки за ефективна перинатална грижа на здравствени работници согласно најновите протоколи и стандарди на Светската здравствена организација. Овој проект е во рамки на партнерството на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА со Владата на Република Македонија.

„Пред неколку месеци, токму тука, со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, и на меѓународни консултанти на Светската здравствена организација, здравствени работници (гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки) се обучија со примена на стандарди и упатства на СЗО”, изјави на отворањето директорката на Клиниката Викторија Јовановска.

Таа додаде дека денеска токму тие обучувачи ја почнуваат првата од неколку планирани обуки што ќе се одржат во родилиштата низ Македонија и дека придобивките од оваа обука веќе се гледаат, бидејќи дел од обучувачите кои беа дел од оваа Клиника ги применуваат овие практики, коишто придонесуваат за намалување на негитивните исходи по новороденечкото здравје.

Специфичност на обуката е што ќе се работи во мултидисциплинарни тимови сочинети од три профили на здравствени работници – гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки за да се стекнат со најновите знаења и вештини базирани на докази, а се состои од теоретски и практичен дел.

Оваа обука, каде ќе учествуваат 24 медицински лица и сите активности понатаму, имаат за цел периодот пред и околу породување да го направат побезбеден за мајката и новороденчето,  односно грижата за бременоста и породувањето да се базира на еден сеопфатен пристап со акцент дека бременоста и породувањето е важно лично, семејно и социјално искуство.

Средствата за имплементација на ова партнерство се обезбедени со подеднакво учество на Владата на РМ и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), а е во функција на приоритетите на владата и Програмата на УНФПА во нашата држава за периодот 2016-2020.

„Обуката е една од клучните од аспект на грижата на мајката и новороденчето пред и по породувањето. Затоа таа се прави во мултидисциплинарни тимови, а најбитно е што се применуваат практиките базирани на докази“, изјави Афродита Шаља Плавјанска, програмски аналитичар за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) и млади од УНФПА. Таа додаде дека по завршувањето на обуката ќе се прави мониторинг на спроведените практики.

Во рамки на овој Договор, покрај обуките, се предвидува интензивна комплементарна поддршка која ќе се состои од менторство при спроведување на стекнатите знаења од обуката. а се однесуваат на перинатална грижа, адаптација и примена на протоколи, акредитација на материјали за обука кои ќе се вклучат во континуираната медицинска едукација на гинеколозите, неонатолозите и акушерките како и јакнење на свеста кај жените и нивните семејства за знаците за опасност во текот на бременоста и породувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.