Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запрена арбитражната постапка со Хеленик петролеум-можен вонсудски договор

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арбитражната постапка за тужбата кон земјава од грчки Хеленик петролеум, како што информира денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, времено е стопирана со надеж и можност да се постигне договор.  Решението во однос на барањето да се стави во функција на нафтоводот ќе се бара во рамки на Енергетската заедница.

Според Анѓушев,  државата се обидува максимално да се намали штетета  што би можела да ја претпри  од тужбата со која  Хеленик петролеум  побарува 32 милиони долари по основ на пенали за непочитување на купопродажниот Договор со ОКТА.

– Наша позиција во рамки на сегашните добрососедски односи со Грција е да се обидеме да го искористиме тој формат и да ја намалиме колку што може штетата што би можела нашата држава да ја претрпи, односно максимално да ги намалиме средствата што по основ на тој договор како пенал треба да ги уплати, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Во договорот, потсети вицепремиерот, има повеќе клаузули, за соработката за градење на нафтовод, а една од клучните е тоа што државата зела обврска да троши 500 илјади тони мазут годишно и доколку тоа не го прави да плати пенали од 29 долари по тон.  По основ на тој спор нашата држава веќе има изгубено една пресуда за периодот од 2007 година, во 2013 година ОКТА еднострано самоволно престанала да работи и да произведува, но за периодот од 2007 до 2013 година има нова тужба. Добро е граѓаните и општеството да знаат дека државата е исправена пред тужба од 32 милиони долари како пенал што го побарува Хеленик петролеум по основ на тој договор, рече Анѓушев.

Тој истакна дека се разгледуваат сите можности и за барањето на грчката страна за ставање во функција на нафтоводот изграден согласно со Договорот, а за што со арбитражната пресуда од 2007 година е пресудено дека 20 проценти се во сопственост на државата, а останатите 80 на Хеленик петролеум.

Тоа, посочи Анѓушев, би се направило во рамки на третиот пакет европски директиви за енергетика, според кои за секој инфраструктурен енергетски објект треба да има конкурентност.

– Не можеме да кажеме дека нафтоводот не постои, не можеме да се однесуваме како ноеви со глава во песок и да викаме дека не пости, туку напротив треба да ги решаваме проблемите такви какви што се.

– Ако тоа може да придонесе  нафтените деривати во нашата држава да стигнат поевтино и притоа се намали цената на нафтените деривати за граѓаните, да го направиме тоа, но во рамки на третиот пакет европски дерективи за енергетика каде за кој било инфраструктурен проект од енергетиката треба да важи конкурентност. Тоа значи дека секој треба да има пристап на тој инфраструктурен објект. Регулаторната комисија за енергетика ќе ја утврдува цената за користење на инфраструктурниот објект, рече Анѓушев.

Побарано е, дополни, спорот да се решава во рамки на Енергетската заедница во Виена, каде има оддел за медијација што ќе гарантира дека процесот ќе биде решен и праведно и во согласност со европската регулатива.

– Моментно не е постигнат договор, но се обидуваме да најдеме решение, разговараме за тоа, но не можам да кажам дека имаме одреден позитивен или негативен заклучок. Кога ќе се постигне решение или договор ќе се објави. Имаме два избора: или спорот ќе го решиме вонсудски со постигнување некаков договор или нормално ќе си продолжи арбитражната постапака зо која  Хеленик Петролеум има право. Пред арбитражата моментно има стопирање на постапката со надеж и можност да се постигне договор. Ако се постигне договор ќе се постигне, ако не се постигне тие си имаат право на постапката и таа ќе продолжи, рече Анѓушев.

Постапката, како што рече, е стопирана до крајот на април или почетокот на мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.