Информацијата официјално не ја потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде има оддел за гонење полицајци и најавуваат соопштение за утре.
Според информациите на „Слободен печат“, Обвинителството ја запрело истрагата за поранешни началници, командири кои се товареа за тешки дела против општата сигурност, односно нивните дејствија се ставаа во корелација со смртта на младите луѓе од Кочани.
Овластувањата на овие полицајци не биле за проверка на противпожарните мерки, туку за проверка на сообраќајна безбедност на објект и постоење на доволно паркинг места за дискотеката, а полицајците за кои е запрена истрагата работеле како началници, помошници началници на СВР Штип, инспектор за сообраќајни работи во Одделението за полицијата истиот сектор, документарист, инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип, а беа уапсени еден месец по трагедијата.
Тие беа дел од кривичната пријава што ја поднесе Министерството за внатрешни работи против десетмина полицајци чија поврзаност со кабарето била од 2012 до 2022, пред да се случи пожарот.
Во кривичната пријава тие се товареа дека не направиле проверки во делот на заштитата на јавниот ред и мир и во делот на сообраќајот.
Од Независниот синдикат на полицијата ја поздравуваат одлуката на Обвинителството.
Ја поздравуваме одлуката на обвинителството за ослободување на шестмина колеги, полицајци, иако сметаме дека многу повеќе од нив треба да бидат ослободени и истрагата да биде стеснета во делот на конкретните извршители и луѓе кои треба да одговараат. Го охрабруваме обвинителството сериозно да ги разгледа доказите и да постапи како што постапи со овие полициски службени службеници – вели претседателот на НСП, Мартин Ефремов




