Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Заробувачи и заробени”: 500-тината наши “Спартанци”

0
By Marija Todorovska on April 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
И ова е приказната која се наметнува 30-итна години независност. Користејќи ги сите “тригери и замки”: југоносталгија, србофилија, музика, јазик; но и сите инструменти на системот; за наведување кон подаништво во име на “идентитетот” кој се (само)проблематизира и опструира преку латенатната фрустрација на “потчинетост и жртва”. Па, како “супериорните Македонци” наследниците на Александар Филхеленот, кој пркосел на Персијанците за слободата на Хелените; станаа “заробеници” на сопствените, но наметнати фобии?

Никица Корубин
Битката кај Термопилите, која го отвара патот на големата персиска војска во 5-от век п.н.е на Ксеркс, кон Атина, останува симбол на отпорот. Отпорот на Хелените, кои тогаш иако обединети, не успеваат да се одбранат, иако не се предаваат без борба. Меѓу неколкуте илјади загинати Хелени, се и 300-тината Спартанци, заедно со нивниот крал Леонида; кои не ја победуваат надмоќната персиска војска, но значително ја успоруваат. Ја успоруваат по совет на македонскиот крал Александар Први, кој иако, сојузник на Персијанците, “за љубов кон Хелените” им ја открива позицијата и стратегијата на Персијанците. Александар Филхеленот.
“Љубовта” кон некоја култура, етнос, народ, јазик, обичаи и традиција е вообичаена работа; ако намерата е искрена и индивидуализирана. Блиски народи и соседни региони, природно инклинираат еден кон друг, па оттаму не е никакви изненадување гркофилијата или филхеленството, бугарофилството, албанофилството или пак србофилството, кое за воља на вистината е единственото официјално “подобно и пожелно” кај нас. Што “љубовта” ја прави инструирана, индоктринирана и длабоко таргетирана.
Па, оттаму случката од викендов со патот на нашите 500 сограѓани, на политички настан во соседна држава, која предизвика многу, главно негативни реакции на социјалните мрежи; е индикативен показател за суштината на “србофилството” во Македонија наспроти наметнатото “србоманство”. “Љубовта” е само мамката.
Фокусирајќи се на чинот, дека наши сограѓани отишле во Србија, во критична и турбулентна состојба таму, на неколкумесечни масовни студентски и граѓански протести, против режим, во чија поддршка тие отидоа; се превидува очигледното: зошто само 500 – а не, 5.000 или 50.000 илјади? Па, зарем српскиот претседател Вучиќ, кој ужива безрезервна поддршка од македонскиот партиски естаблишмент (подеднакво и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ) и безрезервно премолчување од албанскиот политички естаблишмент (сега ВЛЕН, а порано и ДУИ – со драстично променет став како опозиција), има директна поддршка од само 500 наши сограѓани – етнички Срби или Македонци, сеедно?
Па, во чие име тогаш, ВМРО ДПМНЕ отворено и СДСМ прикриено, ја поставуваат државата членка на НАТО и кандидат за ЕУ во подредена ситуација кон анти-НАТО и анти-ЕУ држава, какво што ефективно е Србија и за жал, српското општество? Каде ја наоѓаат компатибилноста на нашата уставна парламентарна демократија и демократско општество на владеење на правото, мултиетничко и мултиконфесионално општество со суспендираната демократија во Србија? Кои тоа граѓани, нивни поддржувачи, членови или гласачи им го дале тој легитимитет на наши избори?
Ова всушност стана, крајно илустративен и поучен пример, како функционира концептот на “заробена држава” преку концептот на “заробување на општеството”. Дали всушност бројката на ефективни, влијателни и моќни “заробувачи” на општеството и институционалниот систем на државата, на наративот на таргетирана и тенденциозна албанофобија, бугарофобија и гркофобија како свесен и монструозен антипод на албанофилијата, бугарофилијата и гркофилијата – е сличен на бројот на нашите патници во Србија викендов? “Србомани” се или “србофили” се, овие наши “модерни Спартанци”? Што ги води, храброста, гордоста и идентитетот или отсуство на истите? За чија “љубов” го држат заробено општеството и најважно, во чие име?
И ова е приказната која се наметнува 30-итна години независност. Користејќи ги сите “тригери и замки”: југоносталгија, србофилија, музика, јазик; но и сите инструменти на системот; за наведување кон подаништво во име на “идентитетот” кој се (само)проблематизира и опструира преку латенатната фрустрација на “потчинетост и жртва”. Па, како “супериорните Македонци” наследниците на Александар Филхеленот, кој пркосел на Персијанците за слободата на Хелените; станаа “заробеници” на сопствените, но наметнати фобии?
Па, иако правно-политичката дефиниција, на нашата реална состојба ја имаме 10 години – “заробената држава” на Рајнахрд Прибе, сега ја имаме и бројката. Па, сега и конечно можеме да се прогласиме за “жртви” – ама не жртви на ЕУ, на Бугарија, на Грција, на Албанците; туку “жртви на нашите”. Спартанците во 5-от век п.н.е успеале со 300 луѓе да успорат 300.000-илјадна војска. Затоа што се бореле за слободата и за себе. Нас 2.000.000, нашите “500-тина, не’ успоруваат 30-тина години.
Историјата кај нас, овој пат се повторува како пародија. Барем се 500, а не 5.000, ниту 50.000, а најмалку 500.000 илјади. Перцепцијата, која така систематски се обидува да се наметне на јавноста, е чудо, само што е прилично непредвидлива. Затоа што “фобијата”, не произведува по автоматизам “љубов”. Особено, онаа наменската.
Од Фејсбук ѕидот на авторката
Вучиќ Никица Корубин Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.