Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зашто Битола заборави?

0
By Нова ТВ on December 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали можеме колективно да заборавиме на историјата? Што потискаме кога забораваме? И дали воопшто можеме креативно да заборавиме?

Ова се главните прашања на кои изминатава недела истражува тим во Битола составен од уметникот Филип Јовановски од Битола, театарскиот режисер и актер Борис Бакал од Загреб и кураторката Ивана Васева од Скопје.

Истражувањето се базира на откривањето на еден важен настан во градот Битола, кој се случил на 28.03.1934 година во Битола а кој Јовановски случајно го наоѓа во приватните бележници на својот дедо Одисеј Јовановски.Тие бележници се пронајдени во 2009 година и датираат од периодот додека тој студирал во Загреб во 30-те години од 20-ти век. Дневниците зборувуваат за преписката на Одисеј со тогашни високи функционери во Југославија за овој настан за кој сеуште има многу малку податоци.

Имено, настанот претставувал коктел кој бил организиран од страна на тогашниот градоначалник во обид да се премостат несогласувањата на неколку важни семејства во градот околу нивните деца кои биле заљубени меѓу себе а заврши трагично и со бројни смртни последици.

Јовановски запрепастен од оваа приказна, веќе неколку пати ја обелодени во јавноста преку своите два проекта објектот-инсталација „28.03.1934“ и „ТРИ ЛЕСНИ ПАРЧИЊА/ THREE EASY PIECES: Предлог за опера во три чина“ но овој пат тоа е сеопфатна истражувачка сторија која ги консултира архивите во Битола, Скопје, Загреб, Музејот на Битола, локални историчари, а поврзува и неколку локации како и Германските гробишта во Битола.

– Она што е важно да се извлече како искуство од историјата е да се отркијат нејзините механизми, принципи на делување, а не последиците. Статистички, сигурно повеќе луѓе умираат во авионски несреќи отколку во геноцид (барем во 20-ти век). Историски можеби и не е толку важно кој убил, туку зошто на некој тоа му паѓа напамет да го направи? Кој е механизмот за одлука? Она што во овој проект не интeресира е процесот на одлучување овој настан да се заборави од официјалната историја на градот. Како идеолошкиот апарат влијае на тие одлуки? Зар е можно да зборуваме за индвидуална одговорност наспроти општествена? И во таа смисла е фокусот на ова истражување коешто на крај треба да резултира во синопсис за опера.

За крај би ја цитирал Хана Арент која вели „The sad truth is that most evil is done by people who never make up their minds to be good or evil“ – вели Јовановски.
Јовановски откривајќи дека дел од податоците за настанот се наоѓаат во Загреб одлучува да го покани својот пријател Борис Бакал со кој заедно ја дели и страста кон истражувањето на заборавот.

– Со годините откривам дека некои одлуки на некои членови на моето семејство ја одредија не само мојата судбина туку и судбината на Балканот. Податокот кој ми го соопшти Филип им дава сосема ново светло сите на тие мои откритија и сознанија. Не можев да одолеам на таквото искушение кога Ивана и Филип ме повикаа да соработуваме – вели Бакал.
Васева додава дека ова истражување ќе се продолжи и во иднина а дека е планирано да резултира во поголем проект.

Овој проект е дел од соработката меѓу „Фрлачи на сенки“ од Загреб, основана од Бакал и НУ Центар за култура – Битола а е поддржан од Министерство за култура. Во рамки на соработката викендов во Битола гостуваше претставата „Машко/женски_женски/машки„ која е меѓународна копродукција на „Фрлачи на сенки“ (Shadow casters) од Загреб и Театарот &ТД од Загреб и Фестовалот МЕСС од Сараево. Ова е трета соработка на „Фрлачи на сенки“, НУ Центар за култура – Битола и „Факултет за работи што не се учат“ по настанот „СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД“ составен од две јавни дикусии и работилница одржани во НУ Центар за култура – Битола, во јануари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.