Вчера околу 14 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир, додека скопјанецот А.И. (23) и неговиот другар Р.Л. (20) се возеле низ Чаир, им бил попречен патот од „Шкода“ од која излегло непознато лице.
Според МВР, А.И. и Р.Л. го заобиколиле возилото и продолжиле да се движат, но, не знаеле дека тоа дополнително ќе го налути насилникот кој излегол од „Шкодата“. За сега непознатото лице за полицијата, извадил огнено оружје, пукал кон „Пунтото“ на момчињата и го погодил младиот А.И. во ногата.
Момчето подоцна било пренесено во скопската Градска болница.
Извршен е увид на местото на настанот, пронајдени се и подигнати осум чаури, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.