Сите 14 ученици од училиштето „Арсениј Јовков“кои беа хослитализирани на Клиниката за токсикологија се пуштени на домашно лекување откако вчера биле примени со симптоми на печењеи и гушење. Дома се пуштени се и тројцата ученици и двајцата професори кои помош побарале во градската болница „8-ми Септември“.
„Сите се во добра здравствена состојба. Досегашните анализи и ЕКГ покажаа дека не се работи за ништо сериозно. Ќе ги почекаме резултатите и од токсиколошките анализи за да видиме за што точно се работи. Трите деца кои реагираа подраматично исто така се добро, тие реагираа панично бидејќи се исплашиле“, изјави за НОВА др. Нестор Поповски директор на Клиниката за токсикологија.
Од МВР информираат дека од страна на лице вработено како обезбедување во СУГС „Арсени Јовков“ било пријавено дека во училиштето за време на големиот одмор засега непознато лице или лица испрскале непозната иритирачка материја во вид на спреј, од која 13 ученици и двајца професори од училиштето со возила на итна медицинска помош се пренесени вболница, при што истите се жалеле на печење во грлото, носот и очите.
„Веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки и активности и од извршените разговори е констатирано дека истиот ден за време на големиот одмор од втората смена, повеќе ученици почнале да излегуваат во училишниот двор и да се жалат на печење во грлото, носот и очите. Одговорното лице за физичко обезбедување во училиштето, кој бил во училишниот двор за настанот веднаш ја известил директорката на училиштето, која повикала итна медицинска помош, со чии возила 10 ученици се пренесени и хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, а други три ученици и двајцата професори се хоспитализирани во ГОБ „8-МИ Септември“
За настанот е известен Јавното Обвинителство и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.