Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворена е Хирургија во струшката болница-лекарите се разболеле од сипаници

0
By Менче Атанасова Точи on May 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Затворени се операционите сали и хируршкото одделение  во струшката болница бидејќи хирурзите се разболеле од мали сипаници.  Одлуката на 10 дена да се затвори одделението ја донела Комисијата за интерхоспитални инфекции во болницата. Од Комисијата за НОВА потврдија дека операции нема да се прават, а итните случаи ќе се праќаат во болницата во Охрид.

„Ќе работи само амбулантата. Одделението се затвара на 10 дена додека да помине инкубацијата за сипаниците да не се шират“, потврдија за НОВА во Комисијата за интерхоспитални инфекции.

Од Комисијата велат дека засега од мали сипаници се разболеле седум лекари и медицински сестри на хируршкото одделение, а од почетокот на епидемијата половина од персоналот ја прележале болеста.

Извори за НОВА велат дека  хирурзите одбиле да се вакцинираат, а се вакцинирале само гинеколозите и интернистите. Хирурзите не ја почитувале наредбата на Министерството за здравство во која се вели дека треба да се вакцинира целиот медицински персонал, а доколку се вакцинирани или веќе ја прележале болеста да достават вакцинален картон или доказ за антитела преку земање на крв.

За состојбата со сипаниците во струшката болница денеска е известен и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство. Лекарите велат дека не е исклучена можноста рокот за неработење на хируршкото одделение во Струга да биде продолжен и после овие 10 дена.

Инаку, покрај тоа што е затворено хируршкото одделени и времено се запрени операциите, како и вакцинирање на персоналот издадена е наредба да се исчисти и направи дезинфекција на целото хируршко одделение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.